Примитивизмот не знае за доста. Откако јавноста бурно реагираше на обрежувањето на клиторисот кое и понатаму не е искоренето во африканските земји се појави нов подеднакво вознемирувачки обичај- Пеглање на гради.Извештаите на Обединетите нации покажуваат дека во Нигерија и Камерон постои пракса на пеглање на градите мпри што кај младите девојчиња со голем камен или специјални појаси се деформираат атрибутите.
За оваа ужасна процедура се користат и чекан или загреани камени, а целта е на крајот младата жена, често се уште девојче да делува што е можно помалку женствено. Во дури 58 проценти се покажало дека главниот злоставувач е родената мајка на детето.
Богатите семејства во Камерон ги тераат младите девојки да носат специјални појаси кои ги ограничуваат градите и ги пречуваат да растат.
Болната идеја е од 11 до 15 години да се уништи растот на дојките кај девојчињата за да ги заштитат од машкото внимание.
Мајките често го прават тоа за ќерките да им изгледаат неподготвени за брак и да го продолжат образованието.
Пеглањето на градите е обично тајна помеѓу мајката и ќерката за која таткото не знае. Покрај тоа што се спречува развојот на младите девојки овој ритуал може да го зголеми ризикот од рак, отоци, инфекции и несиметричност на градите.
Тие девојчиња често имаат цисти, инфекции, грозници и оштетување на ткивото, а може дури да се случи и градите потполно да им се повлечат.
Дополнително е иужасно тоа што главната цел која ја наведуваат злоставувачите- „заштита од сексуален напад“,оваа пракса не помага.
Ужасни сведоштва на злоставени девојки
„Роднината ме силуваше кога имав 13 годинии родив дете. Морав да дојам, но немав гради. Користевме мравки чии гризања наводно предизвикуваат продукција на млеко. Не успеа. Имам три деца и ниту едно не можев да го дојам“, Емануел (23)
„Понекогаш појасот толку ме стега што не можам да дишам. Се плашам. Го носам година дена. Топло е имам рани под ткаенината. Не разбирам зошто мајка ми ми го прави ова“, Мануела (9).Извештаите на Обединетите нации покажуваат дека во Нигерија и Камерон постои пракса на пеглање на градите мпри што кај младите девојчиња со голем к



