Невестите обично се принцези, но Сара Реј (29) од Тенеси може да се пофали дека на својот посебен ден испаднала вистински херој! Оваа медицинска сестра која работи во Итната помош отишла од сопствената венчавка за да, сосе венчаница, им помогне на баба ѝ и татако ѝ кои доживеале сообраќајна незгода на патот кон свадба.Сара веројатно се надевала дека на денот на венчавката ќе има слободен ден и нема да мора да спасува луѓе по сообраќајни несреќи, со што инаку секојдневно се среќава, но судбината имала поинакви планови. И така Сара, заедно со сопругот и колега медицински техничар Пол, во венчаница истрчала на местото на несреќата.
Во несреќата учествувале нејзиниот татко и баба, а за среќа никој не настрадал. Двајцата добиле полесни повреди полесни повреди и веднаш биле префрлени во болница, а Сара станала херој на социјалните мрежи. Сепак, таа не се сложуива со таа констатација.
„Слушнав дека доста луѓе го користат зборот „херој“. Мислам дека сепак ова не беше херојски чин. Тоа едноставно би го сторил секој кој би се нашол во близина на несреќата“, вели скромната Сара
Таа објснила дека тоа е составен дел од нејзината работа, и дека и претходно доживувала надвор од работното време да налета на сообраќајна несреќа, застане и помогне додека не дојде итната медицинска помош.
„Само овој пат се погодило да бидам во венчаница“, вели таа.
Пол, кој сепак успеал да дочека нмевестата да се врати од терен и да му го каже судбоносното „ДА“, воодушевен е од нејзината постапка, но и со фотографијата која настанала во таа прилика.
„Мислам дека сликата е прекрасна! Ова е дефинитивно венчавка за помнење. Секако ужасно е што воопшто дошло до несреќа, но се ќе биде во ред, така што сега можеме да се смееме кога ќе ја погледнеме сликата“, вели Пол.Сара веројатно се надевала дека на денот на венчавката ќе има слободен ден и нема да мора да спасува луѓе по сообраќајни несреќи, со што инаку секо



