Изнервирана, мајката напишала писмо и го пратила до сите вработени во болницата и го споделила на Фејсбук.Мерит Смит од американската сојузна држава Охајо, својата четиригодишна ќерка ја однела на лекар, бидејќи ја претепал врсник и и нанел видливи сериозни повреди на главата.
Болничарката го прегледала девојчето, кое имало модринка под десното око, а потоа рекла:
– Се обложувам дека му се допаѓаш.
Оваа реченица ја изнервирала Мерит Смит, која напишала отворено писмо и го пратила до сите вработени во болницата.
– Сигурна сум дека вашата болничарка не промисли добро пред да го каже тоа. И штом го кажа тоа, знаев од каде и е таа идеја. Тоа е реченица всадена кај сите жени во глава, бидејќи од мали ни велат дека тоа што машките не туркаат, скубат и тепаат, всушност значи дека им се допаѓаме. Меѓутоа, идејата дека насилството е всушност флертување е длабоко погрешна и тоа не е повеќе прифатливо – напиша огорчено мајката на ова 4-годишно претепано девојче.
Таа на социјалната мрежа Фејсбук ја сподели фотографијата со претепаното свое чедо, а покрај неа писмото кое го напишала. Мерит Смит од американската сојузна држава Охајо, својата четиригодишна ќерка ја однела на лекар, бидејќи ја претепал врсник и и нанел видливи сери



