И не се работи за било каква посебна диета со помош на која ќе изгледате како Хајди Клум.Приказната за Џени јан Худек сигурно ќе им биде позната на сите оние кои се борат со вишокот килограми. Пред две години Џени имала 130 килограми и и неуспешно се обидела да ослабе. По професија е медицинска сестра и добро зане кои се последиците од дебелината, но ниту тоа не ѝ помогнало да ги изгуби несаканите килограми.
Се се променило кога на крајот од 2013 година завршила во болница поради проблем со дишењето. Тогаш прв пат сфатила која е најголемата грешка која ја правила за време на сите свои диети- наместо да слабее поради здравје, се обидувала да ги намали килограмите само поради изгледот.
Таа смета дека токму тоа боло причината поради која го саботирала процесот на слабеење. Дури кога станала свесна што килограмите му прават на нејзиното здравје, ги составила коцките во глава и донела цврста одлука за промена на начинот на живот и исхрана. Смета дека здравјето би требало да биде главна и единствена цел на сите луѓе кои се борат со вишокот килограми, но главно е поленсно да се биде фокусиран на конфекциски броеви и тенка половина.
„Почнав да вежбам дома со пријателка. Бев во толку лоша форма, што по првиот тренинг не можев да се мрднам пет дена. Вежбавме и понатаму, и после секој тренинг моето време за одмор беше се пократко“, искрено признала.
Секако, ја променила и исхраната која била составена од пица, леб, тестенини и брза храна. Одлучила да ја исфрли и претходно зготвената или смрзната храна, па сите преработени намирници ги заменила со свежи и здрави. Не пиела газирани сокови, наместо нив сега пие вода и чај. Ги планирала своите оброци за да заштеди на време и зблагодарение на тоа никогаш не била гладна.
„Што се однесува до мојата крајна цел, сфатив дека не постои крај на оваа „трка“. Важно е само да останам здрава и тоа е планот до кој ќе се држам“, заклучила Џени.Приказната за Џени јан Худек сигурно ќе им биде позната на сите оние кои се борат со вишокот килограми. Пред две години Џени имала 130 килогр



