Направете си ПРИРОДНА крема за отстранување на СТРИИ!

Постојано сме на некаква диета, па ја прекинуваме на неколку дена и си ги добиваме назад килограмите многу побрзо и повеќе од колку што сме ги изгубиле и на наше изненадување додека наутро се гледаме на огледало забележуваме дека телото ни се исшарало со бели и црвени линии. Тоа се стрии кои сме ги добиле на подарок од нередовниот и неизбалансираниот начина на исхрана.Стриите во суштина претставуваат лузни и се добиваат со распукување на ткивото на кожата, на пример сме имале 50кг. и сме се поправиле за некои 10, па сме се подуле како балон кој некаде мора да пукне, резултат – стрии. На почетокот се црвени па подоцна ја менуваат бојата како камелеон и остануваат со белузлава боја. Воглавно на виделина излегуваат кога се во белузлавата фаза, а тоа е фазата кога е многу потешка за третирање како и подолга се разбира.
Паника од добивање на стриите е најголема кај бремените жени затоа што оваа тетоважа на телото се појавува после седмиот месец на бременоста и тоа каде ако не на стомакот и бутовите, а многу е возможно нивно појавување и на задникот и градите. И да претставува вистински шок. Некои дерматодолози трврдат дека стриите се наследни, па свртете го вашето внимание кон овие покритични делови од телото и доколку сметате дека и вие сте едни од потенцијалните добитници за стрии еве ви неколку совети за прикривање, за спречување, дури и трајно отстранување на истите.
Користете навлажнувач
Без разлика дали сте бремена или не, би требало да обрнете внимание на стриите, особено на возраст меѓу 20 и 30 години, неопходно е да се користат третмани за кожата да се направи влажна и силна, така барем шансите за добивање стрии се помали. Можете да  користите дневен хидратантен крем со природни состојки.
Ако веќе имате развиено стрии, користете го овој крем што  може да  го подготвите сами едноставно дома за да го спречите нивното ширење. Добар избор е за хидратација, без купување скапи креми во продавниците.
Состојки:
1 лажица пченични ‘ркулци (10 г)
1 лажица маслиново масло (25 гр)
1 лажица Алое Вера Гел (20 g)
Подготовка
Измешајте ги сите состојки во сад и применете ги на погодената област со кружни движења. Нека кремата седи најмалку 15 минути на кожата, а потоа избришете ја со крпа натопена во топла вода.
Масажа со жолчка
Јајцата се одличен извор на протеини, како кога ги јадеме така дејствуваат и кога ќе ги користиме однадвор. Јајцата се препорачуваат со цел косата да добие сјај, како и за отстранување на стрии кога почнуваат да се формираат.
Се препорачува за жени во својата прва бременост, бидејќи јајцата исто така може да  спречат идно формирање на лузни. Разматете го јајцето, малку измешајте го во сад и намачкајте на погодената област еднаш дневно.

 
Користете етерични масла
Општо е познато колку етеричните масла се здрави за нашата кожа. Народните лекови од етерични масла можат да ги отстранат стриите и до 100% дури и ако се многу големи, стари или длабоки.
Запамтете дека етеричните масла на кожата никогаш не ги нанесувате сами, бидејќи можат да предизвикаат иритација или алергија. Помешајте ги со маслиново или бадемово масло. Исто така може да ги промешате со крема која редовно ја користите.
Најдобри етерични масла кои ќе ви помогнат да ги намалите стриите се:
– Масло од лаванда
– Масло од индиски темјан
– Масло од дива роза
– Масло од шипка
Дополнителни совети за намалување на стриите
Откако веќе имате формирани стрии можете да ги намалите со домашен рецепт, но и со здрави навики.
Заштитете ја кожата од сонце
Стриите на почетокот се темноцрвени, но со време, тонот ќе стане бледо посветол. Ако не внимавате на УВ зраците од сонцето на тие места кожата слабо ќе потемни, па ќе бидат уште повидливи. Доколку одите на плажа не се двоумете дали да купите крема за сончање со најмал фактор на заштита, а потоа мачкајте со гел од алое вера.
Консумирајте повеќе витамин Ц
Витаминот Ц е присутен во цитроните и разни овошја како што се киви и јагоди. Ова е многу важен нутриент за здравјето, го зголемува производството на колаген, протеин одговорен за давање цврстина, интегритет и флексибилност на кожата. Исто така помага да се намали воспалението и штити од сончева радијација. Стриите во суштина претставуваат лузни и се добиваат со распукување на ткивото на кожата, на пример сме имале 50кг. и сме се поправиле за некои 10,

Пронајдете не на следниве мрежи: