Имав два пропаднати брака до својата триесета, еве што научив за љубовта!

Кога првиот брак заврши, имав чувство дека мојот живот  штотуку почнува. Се омажив веднаш после гимназија, а развојот следеше за време на првата  година на факултет. Бев добар студент, имав добра работа која ме чекаше во одлична фирма и многу пријатели. Помислив дека за прв пат сум слободна, пишува Ешли Лосон за Хафингтон пост.Кога и другиот брак заврши, мислев дека со мојот живот е готово. Срамот кој го имав  поради двата неуспешни брака ми ја одзеде желбата за живот. Едноставно се откажав од се. Пиев  бидејќи тоа беше единствената работа која правеше да се чувствувам  жива.
Но по некое чудо, одлучив да престанам. Еден ден се разбудив некаде каде никако не смеев да бидам и  знаев дека дојде време за промени. Откажувањето од пиење  беше прва во низа непријатни, збунувачки и  прекрасни работи кои ги сторив за повторно да се вратам во светот.
Толку многу научив откако одлучив повторно да живеам. Просто ги голтав приказните и мудроста на другите за да се обидам да сфатам што ме доведе до дното и како да тргнам напред.
Многу научив и за срамот. Два пропаднати брака  не можат да ме убијат, но сокривањето од реалноста може. Затоа се соочив со сите непријатности. Ги погледнав право во очи. Ја раскажувам својата приказна иако чувството на срам вреска во мене и ми вели  да замолчам и само да побегнам. Сфатив дека срамот е кукавица. Секогаш ќе биде прва која ќе посака да побегне од борбата.

 
Секогаш чекав животот да почне сам д себе. Го чекав следниот маж, работа, успех, било што. Но, животот е тука за да го зграбите, а се останато ќе доведе до разочарување и чувство на празнина. Затоа секој ден свесно  донесувам одлука да живеам.
Научив дека љубовта на друга личност нема да го надокнади недостатокот на љубов кон себе. Затоа секој ден се обидувам  да се сакам себе си повеќе од претходниот. Тоа ми донесе самодоверба, радост и чувство на исполнетост за кое не сум мислела дека е можно за личност која зад себе има 29 години и два прпоаднати брака.
Понекогаш имам чувство дека не би требало да бидам толку радосна, со оглед на минатото, како да не го заслужувам тоа. Но и понатаму тврдоглаво ја бирам радоста.
Многмина ми велат „трета среќа“. Но сега сфаќам дека цело време сум имала среќа и многу помалку се грижам за третиот пат, доколку  некогаш го има.Кога и другиот брак заврши, мислев дека со мојот живот е готово. Срамот кој го имав  поради двата неуспешни брака ми ја одзеде желбата за живо

Пронајдете не на следниве мрежи: