Во шкафчето за лекови секогаш треба да имате фластери, завои и таблети за болки. Меѓутоа, неброено многу начини има на кои можете да си помогнете пед да посегнете по таблета.Еве 10 работи кои помагаат при болки и слични проблеми со здравјето.
1. Вотка за смрдливи нозе
Непријатниот мирис на нозете наједноставно е да го отстраните со малку вотка. Доволно е стапалата да ги пребришете со крпа која е намачкана со алкохолниот пијалак. Вотката содржи висок процент на алкохол кој делува антисептично.
2. Бадемите може да ја излечат главоболката
Јадењето околу 20 бадеми може да Ви помогне со главоболката, а доколку тие се јадат редовно, може да го спречат појавувањето на главоболката.
3. Јогуртот е добар лек за првутот и лошиот здив
Јогуртот го навлажнува скалпот и го спречува појавувањето на првутот. Исто така бактериските култури во јогуртот го уништуваат плодното тло на кое се развиваат бактериите заслужни за лошите мириси во нашата уста.
4. Нането помага при третирање на акните.
Нането, кога е здробено и ставено на воспалената акна, може да ја намали бидејќи делува против воспалението.
5. Топче за тенис ги опушта нозете
Доколку немате жртва која после напорниот ден може да ви ги измасира стапалата, употребете топче за тенис. Соблечете ги чорапите, застанете на него и тријте. Тоа ќе ви ги опушти мускулите на заморените стапала.
6. Масло од каранфил помага при забоболка.
Маслото од каранфил може да ја сопре забоболката на краток период бидејќи делува како површински анелгетик.
7. Маслиново масло добро за брчки и дамки
Благодетите на маслиновото масло се многубројни, а се користи и во индустријата на козметиката. Кај иритација на кожата помага за ублажување на штетата и ја храни нашата коса. Богато е со антиоксиданси, па добро е за отстранување на брчки и дамки.
8. Лажица шеќер за икање
Само малку шеќер под јазикот е доволно за да се запре икањето. Се верува дека шеќерот делува на живците кои испраќаат сигнали до мускулите што влијаат на дијафрагмата која е одговорна за грчевите, а кои се виновни за икањето.
9. Музика за срце
Околу половина час слушање смирувачка музика го намалува крвниот притисок и позитивно делува на работата на срцето.
10. Лимон и маслинки за отстранување мачнина
Маслинките се вистински спас за оние на кои возењето во автомобил им предизвикува нагон на повраќање. Пред да заминете на пат изедете неколку маслинки, а мачнината делотворно ја намалува и шмукањето лимон. Јадење јаболку пред пат исто се покажало за ефикасно. Еве 10 работи кои помагаат при болки и слични проблеми со здравјето.
1. Вотка за смрдливи нозе
Непријатниот мирис



