Анонимна мажена жена, која е во доцните 40-ти години, одлучила да ја сподели својата приказна за допишувањето и гледањето со мажи преку сајтот „незаконски средби“. А сега отворено зборува за изневерувањето на својот сопруг со кого е 10 години и за тоа дали смета дека е погрешно тоа што го сторила.„Кога сите медиуми почнаа да зборуваат за сајтот „Ешли Медисон“, почнав повнимателно да ги следам социјалните мрежи. Ги читам сите бесни коментари на луѓето кои се запрепастени од фактот дека 33 милиони луѓе се пријавиле на тој сајт за да ги изневерат своите партнери.
Тоа многу ме интересираше, па затоа и одлучив да се логирам на сличен сајт, и тоа е дефинитивно најдоброто искуство во мојот живот.
Пред околу седум години го открив овој сајт „Недозволени средби“ така што читав за тоа во едно списание.
Не можев да верувам дека таму се нуди се она што јас го сакав. Во тој момент бев со својот сопруг околу десет години, но знаев дека тоа е голема грешка.
Го сторив она што многумина во моите години го правеле (доцни 40-ти), пронајдов нов ‘партнер’. Мојот партнер не ја имаше истата сексуална желба како што ја имав и јас, па затоа копнеев да пронајдам партнер кој би сторил се што би сакала јас. Сопругот ретко ми делеше комплименти, па постојано барав внимание на друго место.
Сакав да имам афера и барав начини како да го остварам тоа. Пред сајтот одев на деловни состаноци, излегував со пријателки, но сепак тоа не беше доволно.
Пристапив на сајтот„незаконски средби“, кога мојот сопруг не беше тука. Како фотографија поставив шарени морски ѕвезди наместо мојот лик. Кога почнаа да се јавуваат потенцијалните додворувачи, бев многу возбудена.
Мојата прва „незаконска средба“ беше со Хју.
Ми делуваше како интересна, интелигентна личност, па договоривме да се видиме во бар една вечер, а за тоа излегување на сопругот му реков дека одам да се видам со колегите. Хју имаше повеќе од 50 години, а не 40 како што ми кажа, но не беше воопшто важно- згоден е и паметен.
Зборувавме и пиевме вино во барот, беше добро образуван, културен и убаво облечен, но имаше опасен поглед во очите. Самата помисла дека треба да се видиме ме доведуваше до лудило, а тој ме уверуваше дека нема да правиме ништо што не ми одговара.
Потоа ме одведе во својата канцеларија на работа каде имавме стравствен секс. Кога отидов дома таа вечер, се пикнав во кревет покрај сопругот и не се чувствував лошо, туку весело.
Ја повторив истата работа неколку пати- со Хју, но и со други интелигентни мажи, на кои не им паѓаше на ум да ги напуштат своите бракови.
Излегувањата на пијалок или вечерите се скоро добри како и самиот секс.
Некое време мислев дека можам да бидам омажена за убав, но и незабавен маж, а од страна да се забавувам. Но после две години користење на сајтот, ме удри мојот морален компас и знаев дека не сум во право, па сепак одлучив да го напуштам сопругот.
Тој инаку пронашол нова партнерка и многу сум среќна поради тоа. За разлика од него, јас и понатаму го барам својот животен партнер. Со задоволство се забавувам со мажите кои се помлади од мене и уживам во слободата.
Тоа за мене е важно, затоа што почнав да ги надокнадувам сите работи кои ги губев во бракот. Никогаш нема да зажалам за тоа што го правев“.„Кога сите медиуми почнаа да зборуваат за сајтот „Ешли Медисон“, почнав повнимателно да ги следам социјалните мрежи. Ги читам сит



