ПРЕЖИВЕАЛА ИНЦЕСТ И ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА: Нејзината приказна ќе ве погоди во срце!

„Постојат малку луѓе кои ја знаат целата приказна за моето детство. Пријателите знаат мал број детали, а тоа е дека сум посвоена, дека моите родители се починати. Никој не ги знае деталите“ – ја започнува Рексан Џонс својата приказна.„Јас сум производ на инцест. Мојот дедо со години сексуално ја злоставуваше мојата мајка – неговата ќерка, а како производ на ваквиот монструозен чин таа остана бремена. Јас сум резултат на таа бременост. Тој е мој дедо и мој татко, а неговите седум деца се мои тетки и вујковци, а воедно и мои браќа и сестри“ – продолжува да раскажува оваа 23-годишна девојка.
„Со години мојата мајка беше жртва на сексуално злоставување. Таа молчеше за теророт и тоа поради лудиот договор што го направи со нејзиниот татко: таа ќе молчи, а тој нема да ги допира другите ќерки.
Одлучила да избега од дома кога имала 18 години (тогаш веќе бев родена). Впрочем, тогаш сфатила дека тој никогаш нема да го одржи своето ветување.
Откако избегала од дома, таа решила да го пријави во полиција.
За да се избегнат прашања, а воедно и срамот, моето семејство се изолираше од сите. Дента кога мајка ми отиде да го пријави дедо ми во полициската станица, полицијата ги пронајде двајцата нејзини браќа кои избегале од дома. Благодарение на тоа, полициските службеници ги поврзаа фактите и сфатија за што точно се работи.
Полицијата цели шест месеци го испитуваа моето потекло. Целото семејство тврдеше дека мојата мајка забременила од некој работник, но за среќа, полицијата не се откажуваше.

На крајот, таа признала дека јас сум дете на мојот дедо.
ДНК анализата ја запечати судбината на мојот дедо. Тој е осуден на 20-годишна затворска казна поради сексуално злоупотребување и инцест. За жал, тоа што мојот татко е зад решетки не значеше дека јас сум безбедна. По неговото апсење, мајка ми ја стигна сиот пекол којшто го преживеала. Болката беше преголема, па таа почна да се дрогира и да го продолжи циклусот на злоупотребување.
Тогаш имаше момче, а јас бев дел од нивните сексуални игри. Ме фотографираа и снимаа за да ме продаваат како детска порнографија. Мајка ми се обеси кога јас имав пет години. Утрото на 7 август 1996 година.
По нејзината смрт ме пратија да живеам со баба ми, која беше нем сведок на злоставувањето на нејзиниот сопруг, мојот дедо. За жал, и мојата баба не беше психички стабилна личност. Таа постојано ме тепаше и психички ме злоставуваше. Кога ќе направев нешто што ќе ја навредеше, таа ми велеше дека јас сум „дете на Сатаната“.
Мојот бес беше огромен и спас побарав во дрогата и апчињата за смирување.
Останав бремена кога имав 16 години. Моето дете го промени мојот живот. Кога дознав дека сум бремена, престанав да пијам и да пушам. Бев фокусирана и сакав моето дете да има подобар живот и подобро детство. Кога се породив, мојот син и јас ѝ бевме предадени на социјалната служба. Нè испратија во згрижувачко семејство, а социјалниот работник кој ни беше доделен беше истата жена која им помогна на мојата мајка и нејзините браќа.
Таа одлучи да ме посвои кога имав 17 години. Тогаш застанав на нозе.
Дипломирав, се омажив за средношколска љубов – таткото на моето дете. Добивме уште еден син, а мојот сопруг им се приклучи на маринците. Сепак, траумите од детството оставија последици. И покрај тоа што имав нормален живот, јас постојано се борев со анксиозност и депресија. Се обидов и да се самоубијам, по што бев хоспитализирана. Во менталната болница почнав отворено да зборувам за своите проблеми и да пишувам дневник. Пишував цело време, во мојата соба, во кафетеријата за време на оброците…
Сè уште ги читам тие записи кога имам тежок ден, да се потсетам колку лоши работи имам преживеано. Денес сум разведена. Имам поддршка од неколку блиски пријатели. Можеби се прашувате какво е моето здравје, со оглед на тоа што дедо ми ми е татко. Имам голем ризик за сите болести коишто постојат во семејството на мојот татко, затоа што имам премногу од неговата ДНК. Се борев против рак на грлото од матката два пати и затоа што моите зглобови не се развија исправно, веќе имам артритис.
Еден лекар ми рече: „Ти си 23-­годишна девојка во тело на 53-­годишна жена“.
Моите синови се мојата мотивација за да продолжам понатаму. Тие ме научија како да се радувам. Сега, тие имаат шест и четири години. Тие ме мотивираат да станам од кревет, да одам на работа, да продолжам понатаму и да се смеам.
Циклусот на злоставување престана. а моите деца се мојот поттик за подобро утре. Поголем дел од животот го поминав лута, бесна и огорчена. Но, сега тоа е зад мене. Основав група на поддршка за луѓето коишто имале сличен живот на мојот. Минатото е минато. Пред мене е мојата иднина,­ мојата кариера, мојата надеж за љубов, моите прекрасни синови“ – ја завршува Рексан својата болна исповед.„Јас сум производ на инцест. Мојот дедо со години сексуално ја злоставуваше мојата мајка – неговата ќерка, а како производ на ваквиот монстру

Пронајдете не на следниве мрежи: