Кога еден вљубен пар ја повикал да ја фотографира нивната свадба, фотографот Делија Блекбурн не ни можела да замисли какви глетки ќе сними и дека најголемите ѕвезди на церемонијата ќе станат таткото и очувот на невестата.Без грижа, не дојде до тепачка. Што е најубаво, тие направиле нешто што трогна стотици илјади луѓе низ светот.
Фотографиите од свадбата на Британи Пек ги споделиле преку пола милион луѓе, а ги лајкувале готово милион и двесте илјади. Делија Блекбурн на својот Фејсбук профил објаснила што точно се случило:
„Земете си марамчиња. Ќе ви бидат потребни додека ги гледате овие фотографии. Таткото на младата, Тод Бакман, ја донесе својата ќерка до точката од која требаше да тргнат кон олтарот. Одеднаш, тој застана и ја прекина церемонијата. И додека гостите беа вкочанети од изненадување, тој отиде до очувот на својата ќерка. Ја испружи раката и го повлече со себе партнерот на неговата поранешна сопруга. Го доведе до Британи и заедно ја однесоа пред свештеникот и младоженецот“ – објаснила Делија.
Никој од присутните не можеше да ги сопре солзите, па дури ни Делија.
„Семејствата ќе бидат онакви, какви што ќе ги создадеме. Потчинете им се на потребите на своите деца, а не на егото. Му честитам на Тод што на ќерката ѝ покажа што значи вистинска љубов“ – заклучила таа.
Фото: Делија БлекбурнБез грижа, не дојде до тепачка. Што е најубаво, тие направиле нешто што трогна стотици илјади луѓе низ светот.
Фотографиите од свадбата на



