Наталија Књазкова штотуку стана најмладата баба во Русија. Со само 29 години, таа е мајка на четири деца, а нејзината најстара ќерка роди здраво синче.„Историјата се повтори, ќерка ми тргна по моите стапки. Среќни сме бидејќи во нашето семејство дојде и момче“ – гордо изјавила Наталија Књазкова којашто сега е најмладата баба во Русија.
Нејзината ќерка се породила на 14 години и Наталија во тоа не гледа никаков проблем. Сопругот на Наталија и новиот дедо, Александар (34), вели дека бил шокиран кога дознал дека неговата најстара ќерка ќе стане мајка.
„Сите ми честитаат што станав млад дедо. Чувството е необично, но со време ќе се навикнам“ – изјавил Александар, кој се надева дека неговата ќерка и нејзиното момче (17), сѐ уште нема да стапат во брак и ќе продолжат со школувањето.
„Сѐ додека таа не стане полнолетна, за четири години ќе ја има нашата помош околу бебето. До тој момент, тие нема да живеат заедно“ – одлучил сега веќе строгиот дедо кој за тоа очигледно не размислувал пред девет месеци кога му се роди четвртото дете.
Сепак, Наталија не е најмладата баба во светот. Рекордот го држи Романката на која тоа ѝ успеало со 23 години. Таа на 12 години родила ќерка којашто забременила 10 години подоцна и станала мајка на 11-годишна возраст.„Историјата се повтори, ќерка ми тргна по моите стапки. Среќни сме бидејќи во нашето семејство дојде и момче“ – гордо изјавила На



