Знаете ли дека Алцхајмеровата болест е рангирана како човечки страв број еден? И за ова несомнено има причина. Секој човек над 40-годишна возраст знае да заборава работи и не може да реагира доволно брзо на ментални задачи – ова се неизбежни и несакани ефекти на стареењето. Но, дали знаевте дека во моментов има 3000 прехранбени адитиви во производите кои ги консумираме секој ден и голем дел од нив влијаат негативно врз нашата психичка состојба?Ви приложуваме пет од нив, кои го „убиваат“ мозокот и неговите функции:
1. Мононатриев глумат (МНГ)
Тој го зголемува количеството на киселината глутамат во мозокот, што може да предизвика смрт на нервните клетки. Денес, производителите на храна се обидуваат да ја скријат оваа состојка со паметни и невини имиња, како што се: хидролизиран протеин, растителни протеини, соја протеин, соја протеин концентрат, протеин од сурутка или ароматизирани зачини, ензими, екстракт од квасец и други. Најчесто се среќава во коцките од супа.
2. Аспартам
Малку луѓе знаат дека овој чест засладувач може да влијае врз нашата меморија. И уште полошо. Неколку студии направени врз животни, покажуваат дека аспартамот може да предизвика напади и мозочни тумори. Сепак, тој се додава во огромно количество на храна и пијалоци. Иако не е лесно да го избегнете, читајте ги внимателно етикетите.
3. Сукралоза
Тоа е друг засладувач кој убива 50% од добрите бактерии во цревата, што доведува до формирање на токсини. Еден од штетните ефекти на овој додаток е врз хипокампусот, каде што се чуваат нашите сеќавања.
4. Диацетат
Претставува мирисна супстанца. Се смета дека се пијат 17300000000 литри течности, кон кои тој е додаден и тоа само за една година. Диацетилот е во можност да помине низ крвно-мозочната бариера која го штити мозокот од навлегување на штетни материи. Се смета дека е една од причините за Алцхајмерова болест. Нема да го видите на етикетата, но бидете будни, ако е напишано „вештачки ароматизатори масло“ или „природни вкусови“.
5. Алуминиум
Може и да ве изненади, но алуминиумот се води како додаток во исхраната. Тој сепак е невротоксин. Во 1970 година, една аутопсија покажала дека луѓето со Алцхајмерова болест имаат поголема од нормалната концентрација на алуминиум во мозокот. Алуминиумот е заеднички додаток во исхраната кој може да се најде во прашок за пециво многу други продукти. Тоа е најчест метал во кората на земјата, па затоа е тешко да се избегне контакт со него во секојдневниот живот.Ви приложуваме пет од нив, кои го „убиваат“ мозокот и неговите функции:
1. Мононатриев глумат (МНГ)
Т



