Папата Францис здогледа дете со церебрална парализа…А тоа што се случи подоцна никој не го очекуваше

Папата Францис веќе бил во својот автомобил и се возел кон аеродромот во Филаделфија, кога го здогледал Мајкл Китинг.Целото семејство на Мајкл било таму, бидејќи дошле да го гледаат таткото Чак Китинг кој бил задолжен за настапот на средношколски бенд кој требало да свири за Папата.
Автомобилот на Папата запрел…
Папата се појавил и веднаш се упатил кон Мајкл и го благословил момчето со тешка попреченост.
Мајката на Мајкл изјавила дека не можела да ги разбере зборовите бидејќи не биле на англиски но ги сфатила емоциите- „Љубов“.
„Рацете му беа меки и кога го бакна мојот син тоа беше прекрасно“ изјавила таа.
А таткото изјавил дека чинот бил прекрасен и сите се се свртеле…
Секако ова однесување на Папата воопшто не ги изненади сите, затоа што во повеќето средби со децата тој често ги бакнува и им се насмевнува со задоволство… А токму овие слики станаа многу популарни во шестдневната посета на САД.

 

Папата постојано зборува дека меѓу современите зла е неправдата која им се нанесува на младите: изолација, растурени семејства и невработеност. Во неговиот говор тој истакна дека многу деца се соочуваат со тешки ситуации, најчесто како резултат на незрелоста од страна на многу луѓе.
За време на својата миса која ја одржал во петокот во Медисон Сквер Гарден тој благословил неколку деца во инвалидски колички. Додека во саботата бакнал неколку бебиња,  а исто така добил подарок и кукла од едно од девојчињата.
На подарокот насмеано возвратил со: За мене? Ви благодарам…Но таа не изгледа како тебе!
А пак таткото на младиот Мајкл за медиумите проговорел за средбата на неговиот син со папата:
„Мојата вера секогаш беше силна. Мајкал секогаш е благослов, тој ме научи на вредноста на една прегратка и бакнеж. Тој е дар од Бога“.
Мајката пак на Мајкл додава дека младото момче погледнало нагоре кон папата и му се насмевнало. Исто така додава дека не можела да ги сопре солзите за време на настанот. 
Целото семејство на Мајкл било таму, бидејќи дошле да го гледаат таткото Чак Китинг кој бил задолжен за настапот на средношколски бенд кој требало

Пронајдете не на следниве мрежи: