Роден е без поголем дел од черепот и мозокот, а сега илјадници навиваат за него во битката за живот!

Бритни и Брендон Буел од Флорида останале во шок кога им било кажано дека нивното бебе е родено со ретко мозочно пореметување наречено „Microhydranencephaly” и дека има само неколку дена живот. Тие не ни насетиле дека нивниот син ќе ги победи сите прогнози и ќе тргне во живот како и сите негови врсници.Џекс се родил без поголемиот дел од мозокот и черепот, но поради истрајност и волја за живот  го нарекле „Силен“ и веќе е вистинска ѕвезда на социјалните мрежи каде корисниците успеале да соберат дури 54 илјади долари за операција по која би можел да живее нормален живот.
„Веќе по 17-та недела знаевме дека е момче, но исто така знаевме и дека нешто не е во ред со неговата глава. Веќе следниот ден ја повика Британи и ѝ ја соопштија веста, додека мене ми јавија на работа, по што потполно полудев и ме пратија дома“, вели Брендон Буел.

Во селдните неколку дена им кажале неколку можности од  која болест би можел да боледува малиот Џекс.
Докторите им понудиле можност  Британи да абортира, но бидејќи парот бил против оваа можност, не им преостанало ништо друго освен да истуркаат до крај.
„Му дадовме можност да се бори за својот живот и тој  го прави тоа уште од првиот ден. На почетокот ми беше тешко на почетокот бидејќи мислев дека нема да преживее и тоа ми ја одзеде сета радост“, вели Британи.

 
И покрај сите прогнози, Џекс го преживеал породување и три недели поминал во инкубатор приклучен на разни машини за да може да му се развие мозокот за да може да преживее.
„Ни беше многу тешко тогаш. Се сеќавам дека докторите ми зборуваа дека веројатно никогаш нема да може да зборува и да оди поради својата состојба, дека нема да знае кога е гладен и дека нема да може да слуша и да гледа. Навистина сите мислеа дека Џекс нема да преживее“, раскажува Брендон.
Сепак, само неколку недели подоцна, Џекс завршил во Бостон во болница по еден напад, каде докторите конечно му дијагностицирале „Microhydranencephaly”,  болест со која се раѓа едно од 4869 бебиња во Америка.

Докторите му препишале нов лек кој за сега помага, а на социјалните мрежи се појавила фотографија од малото момче, кога и биле собрани повеќе од 50 илјади долари за неговото лечење.
„Сепак, секое утро се будиме во страв дека повеќе нема да го има. Неговата состојба и понатаму е критична и покрај се и  додека 99 проценти сме сигурни дека тој ќе го доживее следното утро, останува оној еден процент дека тоа нема да се случи. Сета поддршка која ја добивме многу ни значи и  шокирани сме колку луѓето се испиирани од нашето момче. Ќе дадеме се од себе да не надживее, а останатото е на него“, заклучува Брендон.Џекс се родил без поголемиот дел од мозокот и черепот, но поради истрајност и волја за живот  го нарекле „Силен“ и веќе е вистинск

Пронајдете не на следниве мрежи: