Ја спасила својата сестра близначка уште во инкубатор, а денес го слават 20- от роденден

Докторите биле потполно сигурни дека Бријел Џексон нема да преживее, но кога ја сместиле покрај сетрата Кајри, се случило чудо  кое ѝ го спасило животот.Овие бебиња се родени 12 недели пред терминот и биле тешки по еден килограм. Кајри во својот инкубатор напредувала и станувала се посилна, додека Бриел имала проблеми со дишењето и срцето.
Докторите им соопштиле на родителите дека  едното бебе нема да преживее. Скршени од болка, Хајди и Пол Џексон се простиле од девочето. Но, медицинската сестра Гејл Каспаријан одлучила да ѝ пружи уште една последна можност. Таа го ставила слабото бебе во инкубатор  заедно со сестрата и занемела кога видела дека Кајри ја префрлила раката преку рамената на Бриел.
„Беше неверојатно. Во истиот момент Бриел се смири и ја поврати бојата“, се присетува Гејл.
Во рок од неколку минути нејзиното дишење се вратило во нормала, а постепено се стабилизирале и срцевите отчукувања. Родителите за неколку недели  ги одвеле двете девојчиња дома, каде спиеле во ист кревет се додека не наполниле 6 години.
 
 

„И ден денес се најдобри пријателки и не се разделуваат“, вели таткото на близначките кои денес имаат 20 години.
Според зборовите на докторите, Бриел закрепнала во прегратките на сестра си благодарение на окситоцин и ендорфин, хрмони на задоволство.
Овие бебиња се родени 12 недели пред терминот и биле тешки по еден килограм. Кајри во својот инкубатор напредувала и станувала се посилна, додека Б

Пронајдете не на следниве мрежи: