Си го спасил бебето на време: Питон се обидел да го проголта неговиот син!

Малиот Вилијам Вајнанс од Илиноис, САД, ибегнал сигурна смрт кога во еден момент бил нападнат од питон, долг околу 60 сантиметри. Питонот бил домашно милениче во сопственост на еден од соседите. Змијата се вовлекла во лулката на малиот Вилијам и почнала да го голта неговото стопало, но неговиот татко го спасил навреме.Кога го ставил малиот Вилијам во кревет, неговиот татко не ни претпоставувал дека подоцна ќе најде змија во собата. Околу 23 часот, таткото слушнал дека бебето плаче, па отишол да провери што се случува. Кога тој се обидел да го дигне неговиот син од креветчето, почувствувал нешто ладно на рацете, па брзо го вклучил светлото.
“Видов како змијата се витка околу неговата нога обидувајќи се да ја проголта. Да задоцнев малку, змијата ќе му се обмоташе околу вратот и Вилијам немаше да го дочека својот прв роденден“, изјавил таткото Девин Вајнанс за Еј-Би-Си Њуз.
Девин со помош на ќебето го тргнал питонот и го предал на засолништето за животни. Детето е пренесено во болница каде му биле санирани гребнатините и модриците од стапалото.
Полицијата утврдела дека змијата побегнала од домот на својата сопственичка, 23 – годишната Шелби Гајет. Девојката ќе мора да оди на суд бидејќи миленичето не го чувала на сигурно место.
Семејството Вајнанс по овој инцидент не сакало повеќе да ризикува, па се отселиле.
Според зборовите на Џули Детерс, управничка на засолништето за животни, змиите се раздразливи на повисоки температури, па не е реткост да ги напаѓаат луѓето.Кога го ставил малиот Вилијам во кревет, неговиот татко не ни претпоставувал дека подоцна ќе најде змија во собата. Околу 23 часот, таткото слушнал

Пронајдете не на следниве мрежи: