Кинескиот часовник НЕ греши: Сами откријте КОЈ ОРГАН НЕ ВИ РАБОТИ ДОБРО!

Кинескиот биолошки часовник ги покажува интервалите по кои енергијата циркулира низ деловите на нашето тело, a секои два часа е најсилнa во одредена област од телото. Тогаш во  тој дел од телото, ако има било каков проблем, симптомите за тоа време се најизразени.Нашето тело, освен сите познати системи (на варење, нервен, циркулација, лимфниот …) содржи и енергетски систем на меридијани.
Меридијаните се канали, како крвните садови, преку кои минува животната енергија, и со тоа влијае на правилно функционирање на целото тело и размената на материите во него. Главни  меридијани има 12 и секој припаѓа на одреден орган според кој го носи името и по кој е одредена неговата функција. Тука се меридијаните на белите дробови, дебелото црево, желудникот, слезината, срцето, тенкото црево, мочниот меур, бубрезите, срцето, третопалачно црево, жолчното кесе и црниот дроб.
Според теоријата јин/јанг (yin/yang), меридијаните се поделени во шест пара – 6 јин и 6 јанг меридијани.
Јин меридијаните ги вклучуваат органите кои вршат функции на собирање, складирање и обработка на материјата и енергијата во телото: белите дробови, слезината, срцето, бубрезите, срцевиот предел и црниот дроб област.
Во Јинг меридијаните припаѓаат шупливите органи чија функција е размена, излачување (материја, енергијата): дебелото црево, желудникот, тенкото црево, мочниот меур, третопалачно црево и жолчната кеса.
Според правилата на кинеската медицина и по законот за ритам, секој меридијан кој одговара на одредени органи и телесни функции, во циклус од 24 часа работи со „полна пареа”, и тоа 2 часа, додека 12 часа подоцна, исто така за време од 2 часа – се одмара, односно има најниско ниво на активност.
Лекарот во кинеската медицина прво ќе го праша пациентот во кое време од денот се појавувааат симптомите на болеста или нарушувањето во организмот. Според тоа ќе знае во кој дел од телото е проблемот, односно енергијата циркулира тешко или каде има премногу енергија, што  исто така, не е добро.
Не е лошо да го следите биолошкиот часовник и да си запишете во кое време од денот се појавуваат симптомите, како што се замор, болка и слично. Исто така, добро е да се забележува и  времето во кое имате најмногу енергија,и кога се будите во текот на ноќта – и тоа укажува на проблем со одреден дел од телото.
Време на максимална функција
Од 1 до 3 ч. црниот дроб: (детоксикација, мускулите и очите)
Од 3 до 5 ч.  белите дробови (кожа)
Од 5 до 7 ч. дебелото црево (асимилација, елиминација, кожа)
Од 7 до 9 ч. желудник (лимфа, храна и варење)
Од 9 до 11 ч. слезина, панкреас (лимфа, храна и варење)
Од 11 до 13 ч. срцето (артерии, циркулацијата на крвта)
Од 13 до 15 ч. тенко црево (варењето, асимилацијата, артерии)
Од 15 до 17 ч. мочниот меур (коски, заби, елиминација, чистење)
Од 17 до 19 ч. бубрези  (коските, забите, ушите, филтрација, елиминација)
Од 19 до 21 ч. срцевиот слој (стегање на крвните садови)
Од 21 до 23 ч. Третопалачно црево (терморегулација)
Од 23 до 1 ч. жолчката (варењето, мускулите, очи)

 
Време на минимални функции или одмор
Од 1 до 3 ч. тенкото црево (варењето, асимилацијата на артериите)
Од 3 до 5 ч. мочниот меур (коски, заби, елиминација, чистење)
Од 5 до 7 ч. бубрезите (коски, заби, уши, филтрација, елиминација)
Од 7 до 9 ч. срцевиот слој (стегање на крвните садови)
Од 9 до 11 ч. третопалачно црево (терморегулација)
Од 11 до 13 ч. жолчката (варењето, мускулите, очи)
Од 13 до 15 ч. црниот дроб (детоксикација, мускули, очи)
Од 15 до 17 ч. белите дробови (кожа)
Од 17 до 19 ч. дебелото црево (асимилација, елиминација, кожата)
Од 19 до 21 ч. желудникот (лимфата, храна, варењето)
Од 21 до 23 ч. слезината, панкреасот (лимфата, храна, варењето)
Од 23 до 1 ч. срцето (артерии, циркулацијата на крвта)
Кога еден орган е на врвот со енергија, оној на спротивната страна од биолошкиот часовник (12 часа разлика) се наоѓа на најниско енергетско ниво.
На пример, помеѓу 1 и 3 часот црниот дроб го достигнува својот врв, а тенкото црево е на најниско ниво на енергија.
Затоа ако јадеме доцна навечер, храната не се апсорбира добро во тенкото црево, што значи треба да се избегнуваат некои активности во времето кога енергијата на органот вклучена во таа активност е најниска.
Во време на максимална активност сите функции се забрзани. Ако постојат болести на вишок енергија кои го оптеретуваат соодветниот органски систем, тие во тоа време покажуваат најсилни симптоми и тоа време е погодно да се земаат средства за намалување на вишокот енергија.
Ако напротив соодветниот орган во тоа максимално време покажува слабост треба да се зајакне.
Природната медицина располага со мноштво средства со кои може да се интервенира и во случај на вишок, како и недостаток на енергија било со акупунктура, хомеопатијата, лековити билки, како и други средства.Нашето тело, освен сите познати системи (на варење, нервен, циркулација, лимфниот …) содржи и енергетски систем на меридијани.
Меридијани

Пронајдете не на следниве мрежи: