– Отидов на породување со солзи во очите, ниту во еден момент не се исплашив – со голема возбуда раскажува младата мајка Милена.Во ГАК „Народен фронт“ 10. септември, само на неколку минути пред полноќ, на свет дојде Катја Василев, која е плод на најубавата љубовна приказна во Србија, помеѓу Македонецот Богдан и Србинката Милена. Катја веќе ја нарекуваат „македонско девојче“.
Ве потсетуваме дека неодамна ја објавивме интересната љубовна приказна помеѓу Македонецот и Србинката – Се започнало на Фејсбук кога таа имала 12 години, (прочитајте повеќе ТУКА), а како што времето брзо лета, стигнавме и до моментот да ви ја пренесеме приказната и за нивното преслатко бебе.
Осумнаесетгодишната Милена денес, како што дознаваме е една од ретките мајки кои се одлучуваат на пораѓање по сосема природен пат. Породувањето траело 6 часа, а таа секоја минута јуначки се борела да донесе на свет здраво и право бебе:
– Отидов на породување со солзи во очите, во ниту еден момент не се исплашив. Како да добив крилја и полетав на првиот кат, го галев стомакот велејќи си: „уште малку па ќе се запознаеме“- со голема возбуда раскажува младата мајка.
Целото семејство било покрај неа, нејзиниот сопруг Богдан дури и се расплакал. Со оглед на тоа дека однапред го знаеле полот на детето, веќе подготвиле работи за девојчето, а прво што и купиле на малата Катја биле пар чорапчиња.
Милена не може да го опише чувството кога дошла Катја на свет:
– Бев пресреќна, ми го ставија бебето на гради, беше толку мирна и тивка и ме гледаше право во очи. Ми течеа солзи радосници, не бев при себе – раскажува Милена додавајќи дека никогаш не доживеала поубава болка од онаа на породувањето.
Да ве потсетиме дека љубовната приказна на овој пар одекна низ регионот како бомба.
Се запознале кога Милена имала само 12 години. Тој имал 15. И покрај спротивставувањето на родителите на Богдан, нивната љубов успеала да опстане.
Сега на свет дојде и бебе, и семејството Василев сака нов почеток без вртење кон минатото.
Им честитаме за новороденчето и им посакуваме уште многу дечиња!Во ГАК „Народен фронт“ 10. септември, само на неколку минути пред полноќ, на свет дојде Катја Василев, која е плод на најубавата љубовн



