Јас сум ПЕДОФИЛ, но не сум МОНСТРУМ: Ова е веројатно најконтроверзниот текст на деценијата!

„Заглавив во најлошиот вид сексуална ориентација во која луѓето немаат можност лесно, морално и психолошки да ги изразат своите чувства и потреби“, ја почнува својата приказна графичкиот дизајнер од Тенеси Тод Никерсон.На либералниот сајт „Salon.com“ е објавен есеј на еден педофил кој ги замолил Американците да ги прифатат луѓето како што е тој. Есејот го напишал графичкиот дизајнер од Тенеси, Тод Никерсон, а во него опишал дека да се биде педофил е „еден вид на клетва пред се“.
„Заглавив со најлошиот вид сексуална ориентација во која луѓето немаат можност легално, морално и психолошки да ги изрази своите потреби и чувства. Призанието дека сексуално ме привлекуваат деца е прифаќање на најлошиот можен статус на светот, кој оневозможува било каква шанса за нормален живот“, напишал Тод.

Поентата на неговиот есеј е да го промени мислењето дека сите педофили се предатори. Никерсон истакнал дека никогаш не им се предал на своите желби и дека никогаш не се нафрлил на некое дете или гледал детска порнографија.
„Јас не сум чудовиште за кое многумина ме сметаат. Никогаш не сум допрел дете во сексуална смисла ниту пак ќе го сторам тоа, и никогаш не сум гледал детска порнографија“, истакнал тој.
Клучниот момент кој Тод го усмерил кон тоа да го привлекуваат деца е сексуалниот напад кој го преживеал кога имал седум години. Него сексуално го нападнал маж по име Ханс, кој инаку бил пријател на неговото семејство. Се се случило еден ден во градината кога Ханс ја пикнал раката во панталоните на Тод. Тој чин траел неколку минути, а Тод потоа заминал дома и се и раскажал на баба му, која одлучила сето тоа да остане тајна.
Полицијата тогаш не била повикана, а Ханс дури и останал на вечера по нападот. Утредента заминал, а Тод Никерсон никогаш повеќе не го видел.

 
Тод на 12 години сфатил дека го привлекуваат деца. Никерсон смета дека педофилијата е поврзана со преживување на сексуално злоставување, но и дека има врска со генетиката. Тој по завршување на колеџот паднал во длабока депресија, и секојдневно размислувал за самоубиство.

Без оглед на се, мал дел од мене и понатаму се надева дека се ќе се врати во нормала, или барем педофилите во целибат да добија каква- таква прилика за иднина. Како што кажав претходно, никогаш не би си дозволил ваков товар да му префрлам на друго човечко суштество“, додал Тод.
„Запознав други педофили кои со гордост ги нарекувам свои пријатели и на кои им би ги доверил своите деца доколку ги имам, знаејќи дека таму ќе бидат безбедни. Поради тоа ве молам, ве молам да не разберете и поддржите. Третирајте не како луѓе со огромен хендикеп кој мораме да го пребродиме, а не како чудовишта. Доколку сакаме никогаш да не погрешиме, потребна ни е ваша помош“, завршува Никерсон.  На либералниот сајт „Salon.com“ е објавен есеј на еден педофил кој ги замолил Американците да ги прифатат луѓето како што е тој. Есејот

Пронајдете не на следниве мрежи: