Мајка и ќерка потрошиле 76.000 евра за пластични операции. Еве на што личат!

Џорџина Кларк ѝ дозволила на својата 17-годишна ќерка Кејла Морис да го напушти училиштето за да работи како стриптизерка и да собере пари за пластични операции со кои двете би изгледале како нивниот идол Кејти Прајс.Три години подоцна, тие успеале да потрошат 76.000 евра за пластични операции. Џорџина ја поддржала својата ќерка да работи како стриптизерка, но и нејзината врска со маж кој има над 50 години.
„Кога Кејла ми рече дека сака да оди на пластична операција и да вгради импланти, ми беше драго бидејќи сакав да биде таква. Среќна сум што имам ќерка којашто ми ги плаќа овие третмани. Не ми пречи што работи како стриптизерка или што има многу постари мажи за партнери за да ги плати нашите козметички операции, бидејќи го живееме нашиот сон. Навистина сум горда на неа“ – изјавила мајката.
Тие трошат околу 7.000 евра годишно на солариум, ботокс, инјекции за усни, полнење на образите, трајна шминка, избелување на забите и екстензии за коса. И покрај тоа што досега потрошиле голема сума пари, тие планираат до крајот на годината да одат на операција на носот, на вградување импланти во задникот и да платат за подмладување на вагината на госпоѓа Кларк.

„Мојата мајка ми е најдобра пријателка. Сакам што ѝ ги плаќам третманите и што се приближуваме кон нашиот сон да изгледаме како Кејти Прајс. Ми се допаѓа како изгледаме сега. Кога одиме по улица сите гледаат во нас и ги коментираат нашите големи усни. Пластичните операции се начин да се поврземе како мајка и ќерка. Сакаме да имаме поголеми гради, задници и да изгледаме како барбики“ – рекла Кајла.
Џорџина има уште три деца: Амбер (19), Кеиша (13) и Ромео (6). Таа истакнала дека порано не обрнувала внимание на изгледот, сѐ додека не ја видела Кејти Прајс во топлес издание. Тогаш сфатила дека сака да изгледа како неа. Својата идеја ѝ је пренела на Кајла.
Кога наполни 18 години, Кајла направила операција на градите и почнала да се забавува со постар и женет маж кој за дружењето со нејзе плаќал 1.000 евра неделно. Така почнала да штеди за операциите, а како стриптизерка заработувала до 1.700 евра неделно.
Моментално и двете се сингл, бидејќи Кајли ја прекинала врската со женетиот маж откако неговата сопруга дознала за аферата.
Три години подоцна, тие успеале да потрошат 76.000 евра за пластични операции. Џорџина ја поддржала својата ќерка да работи како стриптизерка, но и

Пронајдете не на следниве мрежи: