ИЗОПАЧЕНА НЕГУВАТЕЛКА: Се снимала додека сексуално злоупотребувала стари лица каде видеата ги испраќала на нејзиното момче

25-Годишната Кристина Сети, бирала жртви кои страдале од деменција, кои нема да се во можност да се сетат што се случувало и што им е сторено. Најстарата од нив имала 101 година.
 Изопачената негувателка добивала задоволство кога се снимала за време на сексуалната злоупотреба врз тројца постари пациенти кои биле ранливи и на домашна нега. Ужасните снимки ги испраќала на нејзиното момче.
Кристина ги бирала оние жртви кои пателе од деменција, каде најстарата од нив имала година.
Првично, таа била обвинета за користење на вибратор на една жена и допирање на гениталиите и градите на друга.
Но подоцна се открило дека на ист начин злоупотребувала старо машко лице во своите 80ти години кој не е именуван поради легални причини.
Од тогаш, една од нејзините жртви починала.
Во судницата, каде и се заканува казна од 10 години затвор, Ричард Стид изјавил дека направила ужасна злоупотреба на стари и изнемоштени лица кои биле во дом за нега под заштита. Уште пошокантно е што таа ги деградирала и понижувала истите тие со што видео снимките ги испраќала на своето момче.
Судијата изјавил дека нејзината постапка ја загрозува кариерата на останатите лица кои се во истата професија како неа и со нејзините постапки и изопаченост ги буди најлошите стравувања на семејствата за сместување на роднини во установи.
Роднините на жртвите биле во неверување и во голема болка и вина што ги оставиле во дома за нега на стари лица.
Обвинителот Кели Скривенер изјавил дека Кристина тоа го направила за да му овозможи сексуално уживање на нејзиното момче.
Кристина немала претходни обвиненија, ниту пак направила нешто слично. Работела како негувателка во ноќна смена и нејзината работа била да помогне на колегата доколку има проблем.
Нејзината злоупотреба излегла на виделина благодарение на еден човек кој купил компјутер од неа. Таму ги видел избришаните видео датотеки каде се запрепастил од нивната содржина и веднаш пријавил во полиција.

На снимката јасно се гледа како Кристина си „игра“ со анусот на нејзината жртва користејќи вибратор. Истата снимка била пратена на нејзиното момче.
Нејзината жртва имала 80 години и боледувала од деменција па не била во можност да се пожали.
Но полицијата изјавила дека жртвата знаела дека нешто се случува со неа. Детективите изјавиле дека Кристина уживала додека и го правела тоа на жртвата.
Нејзината втора жртва имала 101 година која исто така боледувала од дименција и ограничени когнитивни способности.
Кристина го допирала нејзиното голо тело по градите и гениталиите, каде жртвата била збунета но свесна дека нешто и се случува. Ова видео траело 7 ипол минути.

По злоупотребата, Кристина ја допирала по устата и ја прашувала како се чувствува. Жртвата била збунета прашувајќи ја Кристина: „Што ми правиш ти на мене“.
Во полиција, Кристина изјавила дека таа премногу го сака своето момче и дека се би направила за него и изјавила дека нејзиното момче не ја терало на ова и дека не и се заканувал. Едноставно, ова го правела за него, бидејќи не сакала да и стане далечен.
Подоцна, во полицијата признала дека сексуално нападнала маж кој бил во брак. Таа му го допирала пенисот откако го избањала. Мажот бил слеп и со деменција.
Неговата сопруга со солзи ги слушала доказите против Кристина во судот.
Иако нејиниот адвокат се обидувал да извлече што помала казна, сепак судот во ниту еден случај не помислува на тоа, така да големи се шансите да биде осудена на 10 или повеќе години.  Изопачената негувателка добивала задоволство кога се снимала за време на сексуалната злоупотреба врз тројца постари пациенти кои биле ранливи и на

Пронајдете не на следниве мрежи: