Голем број на луѓе со цел да заштедат на енергија и пари ги заменуваат старите стандардните светилки со нови светилки за заштеда на енергија на животната средина. Сепак, новата генерација на енергетски ефикасни светилки се толку токсични што агенцијата за заштита на животната средина во САД започна вонреден протокол кој треба да се спроведе во случај светилката да се скрши и да дојде до ослободување на токсични гасови.
Студијата, спроведена од страна на истражувачите Фраунхофер Вилхелм Калаудич институтот покажа дека ако овие светилки се скршат во затворен простор, испуштаат 20 пати повеќе жива од максимално дозволената.
Енергетски ефикасни светилки можат да предизвикаат:
Вртоглавица
Главоболки
Мигрена
Напади
Замор
Неспособност за концентрација
Нервоза
Зошто треба да си ги вратите обичните светилки?
Еколошките светилки содржат жива. Живата е моќен невротоксин кој е особено токсичен за децата и бремените жени. Особено токсичен за мозокот, нервниот систем, црниот дроб и бубрезите. Исто така, може да предизвика оштетување на кардиоваскуларниот, имунолошкиот и репродуктивниот систем. Живата може да доведе до појава на тремор, нервоза, несоница, губење на меморијата, главоболки, рак и алцхајмеровата болест.
Една нова студија спроведена од страна на Питер Браун во Берлин покажа дека овие сијалици содржат токсични канцерогени материи што можат да предизвикаат рак:
Фенол, благо кисел отров во форма на кристали кој се добива од катран од камен јагле и се користи во хемиската индустрија.
Нафталин, запаливо соединение во форма на кристали кои се формирани со дестилација на катран од камен јаглен, и се користи во препаратите за одбивање на молци и како суровина во хемиската индустрија.
Стирен, незаситен јаглеводородник кој е во течна состојба и кој се добива како спореден производ на производство на керозин.
Еколошки светилки испуштаат големи количини на УВ зрачење
Светилките кои штедат енергија емитуваат УВ-Б зраци и мала количина на UV-C зраци. Општо е признато дека УВ зрачењето е штетно за кожата и ништо помалку не е штетно за очите, може да предизвикува рак. Радијацијата од енергетски ефикасните светилки, директно влијае на имунолошкиот систем и штети на кожното ткиво до степен на кој што го спречува формирањето на витамин Д.
Овие светилки се толку токсични што тие не треба да бидат фрлени во регуларното ѓубре. Тие претставуваат опасен отпад. Ако се скрши ваква светилка во куќата, вие треба да ги отворите сите прозорци и врати и да ја напуштите куќата, најмалку 15 минути, со цел да се минимизира изложеноста на отровните гасови.
За жал, лоши вести се дека старите светилки се помалку се произведуваат и наскоро веќе нема да бидат на располагање. Сепак, новата генерација на енергетски ефикасни светилки се толку токсични што агенцијата за заштита на животната средина во САД започна вонреден п
_original.jpg)


