По смртта на сопругата, еден маж добил млеко и со своите гради ги хранел двете ќерки, а не е единствениот. Мажите можат да лачат млеко и во други ситуации.Врховниот суд во Америка одби да го сослуша случајот за сексуална дискриминација, според кој една жена имала проблеми зашто не сакала да го дои бебето на работа. Во одлуката стоело: „Не е сексистички да ѝ се рече на жена дека не може да дои на работа, бидејќи и мажите можат да лачат млеко“.
Веднаш се појавиле многу прашања, бидејќи луѓето не можеле да поверуваат дека мажите би можеле да лачат млеко, но постојат многу ретки случаи, пишува Mentalfloss.
Жените автоматски произведуваат млеко кога ќе се роди бебе. Станува збор за генетски код. Имено, 22-та пара хромозоми се слични кај двата пола, додека 23-от пар е различен.
„Гените на 23-от хромозом ги одредуваат разликите меѓу половите. Тие разлики секако дека не го вклучуваат само поседувањето на јајници или тестиси, туку и пост-адолесцентните разлики во брадата, висината на гласот и развојот на дојките“ – изјавил Џеред Дајмон, добитник на Пулицерова награда.
И мажите и жените имаат млечи жлезди кои се заслужни за производство на млеко. Откако целосно созреваат по пубертетот кај жените, тие се во состојба на приправност за лактација.
Тие жлезди кај мажите не го достигнуваат тоа ниво, но доколку во нивното тело се појават потребните хормони, лактацијата е можна. Некои лекови како нуспојава можат да ја поттикнат работата на млечните жлезди и производството на млеко кај мажите. Исто така, при лекувањето со внесување на женски хормони во телото, исто така може да дојде до лактација, како на пример кај ракот на простатата.
Постојат записи дека мажи почнале да произведуваат млеко во моменти на глад.
Во текот на Втората светска војна, илјадници мажи пријавиле дека лактирале за време на престојот во јапонските и нацистичките логори. Експертите велат дека при гладување доаѓа до промена во хипофизата – жлездата одговорна за производство на хормони, која, меѓу останатото, го произведува хормонот пролактин кој е одговорен за создавање и лачење млеко.Врховниот суд во Америка одби да го сослуша случајот за сексуална дискриминација, според кој една жена имала проблеми зашто не сакала да го дои беб



