Колку е брза медицината покажува и најновиот успех на научниците кои од матичките клетки на кожата успеале да го создадат највиталниот орган на човечкото тело.Научниците од Сан Франциско успеале од матичните клетки од човечката кожа да развијат мини-срца кои верувале или не чукаат! Ова би можело да претставува голем чекор во срцевите заболувања, особено кај бебињата.
Стручњаците од американскиот Универзитет во Калифорнија и Гледстон институтот за кардиоваскуларни болести успешно извеле лабараториски експеримент на издвојување на матичните клетки од ткивата на кожата, а потоа и нивно преобразување во функционални клетки на срцевото ткиво. Истражувачите тврдат дека од преобразените клетки направиле микроткива како оние во срцевите комори.
Шефот на истражувачкиот тим Кевин Хили истакнал дека ова е прв случај на вештачко производство на срцевите комори.
Оваа техника значително ќе го унапреди пратењето на развојот на срцевото ткиво кај фетусот, но и ќе помогне во лечењето на вродените срцеви мани кај бебињата- тврди Хили.
Матичните клетки се основните клетки на човечкиот организам, од кои настануваат сите други клетки, органи, човечки ткива. Кога бебето ќе се роди, матичните клетки ја завршуваат својата основна функција за изградба на организмот на бебето и остануваат во телото како резерва која служи за обновување и замена на оштетените и остарените клетки во текот на животот.
Една од најважните особини на матичните клетки е можноста за самообновување. Втората важна особина е нивната способност да се претвараат во било каков тип на клетки. Тоа значи дека тие имаат неверојатна способност не само да се произведуваат сами себе туку и да создаваат нови ткива во текот на својот развој. Нивната способност на произведување на различни врсти на специјализирани клетки се чини дека ги прави единствени во медицинската терапија.
Научниците од Сан Франциско успеале од матичните клетки од човечката кожа да развијат мини-срца кои верувале или не чукаат! Ова би можело да претст
Пронајдете не на следниве мрежи:



