М.Г. од Белград, важел за дедо од соседството кој сите деца го обожавале.Пред гаражата на М.Г. секогаш се собирале голем број на мали деца. Тој бил најомилениот дедо меѓу нив бидејќи бил дедото кој секогаш им давал вода и слатки. Но 10 годишното девојче му било омилено. За неа секогаш велел дека е најдобра од сите деца.
Но неделата, околу 20 часот, М.Г успеал да го намами 10 годишното девојче кај него, а подоцна почнал да ја допира по нозете и половиот орган.
„Откако тоа се случи, не можев никако да заспијам, не знам што ми се случи, не знам како можев да го направам тоа“ – изјавил М.Г.
Таа вечер, М.Г. го повикал девојчето заедно да ја гледаат серијата во неговата гаража која била преуредена како летна кујна. Додека гледале, ја прашал дали се депилира. Кога девојчето одговорило дека има влакна само под пазувите, ја запрашал дали ги има и на половиот орган. Во тој момент започнало чудното однесување на М.Г.
Во полицијата изјавил дека не знаел што му се случувало во тој момент и негира дека ја допирал по гениталиите.
„Со левата рака ја држев за половината, а со десната на ногата, во пределот кај бутините. Девојчето почна да вика, а јас се обидов да и докажам дека случајно ја допрев за ногата“ – изјавил М.Г.
Кога девојчето во паника го прашала дали тој се обидува да ја силува, М.Г почнал да плаче и и′ рекол дека никогаш не би и го направил тоа и ја пуштил.
Девојчето веднаш истрчало во нејзиниот дом и раскажала сè на своите родители, каде целиот случај бил пријавен во полиција.Пред гаражата на М.Г. секогаш се собирале голем број на мали деца. Тој бил најомилениот дедо меѓу нив бидејќи бил дедото кој секогаш им давал вода



