Како мажите навистина го гледаат женското тело на плажа?

Штом започнува сезона на пливање, сончање и бикини, жените неизбежно почнуваат да размислуваат за нивното тело, а посебно за тоа како ќе им се допадне на мажите.Прво што треба да знаете пред да започнете да се осудувате, зошто не сте започнале со диета порано, зошто не сте оделе редовно на фитнес, секогаш имајте на ум дека без оглед на тоа колку совршено изгледате, секогаш ќе постојат луѓе кои ќе ви најдат маана. Таквите луѓе не треба воопшто да ве интересираат, исто како и нивните мислења.
Меѓутоа, ако ова лето сте во потрага по авантура или пак сериозна врска, треба да имате на ум како мажите навистина го гледаат вашето тело кога сте на плажа во костим за капење.
1. Фигура
Иако вие ќе си најдете сто недостатоци, на пример, широки бутови или опуштен стомак, повеќето од мажите гледаат жена која не е преоптоварена со изгледот, туку која има облини таман колку што треба. Знајте дека мажите не сакаат кожа и коски, и дека вашата убавината не е во стомачните мускули, туку во вашата харизма и став – тоа е вашето најмоќното оружје со кое ќе ги привлечете.
2. Тен
Многу жени и девојки сакаат тен па трчаат во солариум за нивната кожа на плажа да биде темна што е можно повеќе. Престанете со тоа! Што е толку погрешно ако имате бледа кожа? Дали сте знаеле дека бледата кожа е симбол на аристократија? Дали некогаш сте ја виделе Кејт Мидлтон или било која друга дама со сина крв да има темен тен? Не!
Прифатете го она што природата ви дала и негувајте ја кожата и нејзината природна убавина, а тоа е здравјето и мекоста. „Прегорената“ кожа не е нешто со што ќе привлечете маж, затоа што тоа ќе изгледате само како жена со комплекс кој мисли само на физичката убавина.

3. Покривање
Кога човек ќе види една жена на плажа со огромни очила, голема шапка, завиткана во пешкир, неминовно е да помисли дека таа се крие од некого. Од друга страна пак, ништо не им е привлечно од жени кои се чувствуваат одлично во своето тело -не, тоа не значи совршена линија, туку гордо откривање и без срам за тие 5-6 килограми плус. Во очите на мажот тоа е жена која знае како да ужива во храната, отколку да се изгладнува и ќе грицка пуканки со него отколку да паѓа во несвест од напор во теретана.
4. Говорот на телото
Зошто би истакнувале дека девојката во близина има совршено тело? За почеток, убавината е во окото на посматрачот, и вие сигурно сте убави и секси токму онака како што се, штом тој избра во тој момент да разговара со вас, а не девојката во ваша близина. Покрај тоа, со кукање за вашето тело можете да се испратите порака дека имате проблем со самите себе и со прифаќањето на себе си, проблем со комплекси, што и не е некој привлечен квалитет.
5. Шминка
Па што ако ве види без шминка? За мажите значи многу кога ќе видат дека една жена нема проблем да го покаже вистинското лице без шминка.
 
Бидете сигурни дека тоа баш ќе му се допадне, а за жените кои носат шминка на плажа мажите немаат разумно оправдување за тоа, ниту пак тоа е атрактивно. Впрочем, тоа значи дека што се однесува до вашиот изглед нема да има изненадувања, па да бидете горди што тој ве одбрал толку кога сте природни – како што веќе рековме, вие сте му убави и секси токму онакви какви што сте, штом тој го избрал баш тој момент да ви пријде и да зборува со вас.Прво што треба да знаете пред да започнете да се осудувате, зошто не сте започнале со диета порано, зошто не сте оделе редовно на фитнес, секогаш и

Пронајдете не на следниве мрежи: