Првото правило за да не се чувствувате гладни помеѓу оброците е да одбирате храна која нуди голем број хранливи материи. Најдобро е да јадете три балансирани оброка и една закуска секој ден. Правете избор од овошје, зеленчук, мешункасти плодови, зрнести плодови, млечни производи со ниска масленост и малку месо. Храната полна со хранливи влакна е најдобра за да се остане сит, бидејќи тие бавно се варат оставајќи ве подолго задоволни од чувството во стомакот. Останете настрана од преработена храна која изгледа вкусно, но е преполна со непотребни калории. Гледајте да пиете многу вода, бидејќи дехидрирањето може да го успори вашиот метаболизам.
Една лименка Кока-кола има исто калории колку тост со кашкавал, но сепак ефектот е сосема различен. Кока-колата ќе предизвика покачување на нивото на шеќер во крвта, кое потоа брзо ќе се спушти, правејќи да се чувствувате слаби и нервозни во следниот час. Тостот со кашкавал содржи хранливи влакна и протеини, кои ќе му помогнат на телото да издржи до следниот оброк.
Многу е важно да ја внесувате дневната доза на овошје во организмот. Во повеќето денешни џусови се исфрла пулпата од сокот, со што се намалува количината на хранливи влакна. Тие се тешко варливи елементи на секое растение кое помага дигестивниот систем да функционира правилно.Истражувањата покажуваат дека јадењето големо количество хранливи влакна помага при борбата со срцеви заболувања, шеќерна болест, дигестивни нарушувања, дебелината и некои видови рак.Најдобро е да јадете три балансирани оброка и една закуска секој ден. Правете избор од овошје, зеленчук, мешункасти плодови, зрнести пл



