Никогаш не би се простила себе си, ако го убиев своето дете, бидејќи нема поголема среќа од таа кога ќе ме прегрнат рачињата на моето девојче.На еден портал кој е наменет за млади и тинејџери, една девојка ја напиша својата исповед за тоа колку малку и требало да направи абортус, но мајка и ја спречила во последен момент.
Нејзината исповед ви ја пренесуваме во целост:
Летото по завршувањето на втора година во средно училиште, поминав заработувајќи за да можам во август да одам со екипата на море. Се вработив во продавница каде им требаше помош околу редење на полиците. Иако работата беше убиствено досадна, беше добро платена, а и луѓето кои работеа таму беа супер – две постари госпоѓи кои за мене се грижеа како за свое дете и еден Мислав од магацин кој беше многу сладок.
Работата да биде уште поубава, веќе првиот ден „фрли око“ на мене и почна со мене некој неофицијален муабет. Веќе следната недела ме повика на пијалак после работа, а иако беше две години постар од мене – се согласив .
Се заљубив до уши и прв пат спиев со дечко.
Ни самата не знаев со која брзина се одвиваше нашата врска, но веќе пред крајот на летото бев заљубена до уши во него. И токму кога требаше да соберам пари за да одам на море со Ана и Мартина, следеше шок – останав бремена. На мое изненадување Мислав беше пресреќен. Иако како и јас исплашен и изненаден се радуваше што ќе стане татко и беше горд на новата животна улога која го чека.
Искрено, јас бев преплашена. Се за што размислував беше тоа дека сум премлада да бидам мајка и сакав да се ослободам од тоа дете. Освен тоа, не ми беше јасно како воопшто останав бремена, сето време користевме заштита.
Ок, еднаш или два пати Мислав ми призна дека му пукнал кондомот, но не е возможно токму тогаш да сум останала бремена.
Бев очајна, ноќите ги поминував плачејќи и ковајќи план како да се извлечам од оваа ситуација….
На никој ништо не му кажав, но на мајка ми набрзо и стана сомнително што се откажав од големите планови за на море за кои толку многу штедев. На другарките нормално ништо не им кажав, туку се извлеков на Мислав кој не можеше да добие годишен одмор, а јас не сакав да се одвојам од него.
Како одминуваше летото, станував се побеспомошна, па дури почнував да размислувам на абортус. Сепак за тој потег ми требаше мајка ми и нејзино одобрување.
Сфатив дека морам да соберам храброст и се да и признаам, иако ужасно се плашев од нејзината реакција. Имено, мајка ми и јас откако татко ми не напушти, секогаш сме решавале се сами и една на друга си бевме се. Од таа причина, ужасно се плашев дека ќе ја разочарам кога ќе и кажам дека сум бремена.
За сето тоа време Мислав беше полн со разбирање за моето променливо расположение и ми ја даваше сета поддршка, но кога виде дека почнав да размислувам за најлошото, отиде кај мојата мајка и се и раскажа. Иако на почетокот полудев, денес сум му благодарна што го направи тоа. Моето бебе сега има млада и откачена мајка.
Мајка ми одлично изреагира воопшто не се налути, туку ми кажа дека бременоста е една од најубавите работи кои се случуваат во животот и дека треба да се радувам што ќе станам мајка.
Одлучив да и верувам и да го здржам бебето. И добро што ја послушав, бидејќи денес покрај себе имам прекрасна ќерка која го обожава својот татко, баба и младата и откачена мајка. На еден портал кој е наменет за млади и тинејџери, една девојка ја напиша својата исповед за тоа колку малку и требало да направи абортус, но мајка



