Младиот вљубен пар Џо Пју (18) и Леа Вашингтон (17), нетрпеливо чекале да се качат и да се провозат на својот омилен Алтон Таурс ролеркостер, но на самиот почеток, Џо почувствувал дека нешто не е во ред.За жал, неговите стравови станале реалност, еден дел од возот се судрил со друг и довел до незапамтена несреќа, во која и двајцата биле пивредени. Поради тежината на повредите на Леа морала да ѝ биде апмутирана левата нога до коленото, додека на Џо колената му биле целосно скршени, а за се да се врати на старо, потребни се многубројни физикални терапии.
Откако малку закрепнал, Џо ја раскажал приказната за тешкиот болен ден.
Иако се знаело дека возењето нама да биде безбедно, патниците се качиле и тргнале да се возат. Кога виделе дека има проблем, никој не се сетил да повика итна служба, туку само врескале за помош.
Џо вели дека можел да го слушне својот мобилен кој му бил во фармерките, родителите се обидувале да го добијат, бидејќи не го одобрувале овој пат, како ни возењето. Но тој не можел да се мрдне, ниту да одговори.
Патот на закрепнување бил долготраен и болен, постоела можност да не прооди, бидејќи ги скршил и двете колена, а операцијата траела со часови.
„Се сеќавам на одвратниот звук, некое рушење, метал кој паѓа на моите колена. Погледнав во своите раце, насекаде имаше крв. На почетокот немаше болка, само укоченост. Покрај мене беше Леа, која вескаше, а нејзините фармерки беа прекриени во крв, како и моите. Не смеевме да гледаме во нозете“.
Само неколку дена по несреќата, Леа го прашала Џо дали нејзината загуба на ногата ќе го промени нивниот меѓусебен однос, на што тој додал дека ништо на светот не може да ги раздели туку ова само ќе ги зацврсти.
Во ужасната несреќа, покрај Леа и Џо повредени биле уште двајца патници, но Леа дефинитивно била најповредена, левата нога ѝ била ампутирана до надколеното.
„Тоа ми беше трет пат да се возам, но дефинитивно никогаш повеќе нема да се возам. На самиот почеток знаев дека нешто не е во ред. Кога сето тоа се случи, се трудев да бидам позитивен колку што можев, сакав да ја прегрнам но не можев. Сега не можам да се сетам што се ѝ велев, но се трудев цело време да бидам позитивен.
Не се сеќавам како ѝ кажав на Леа за ногата, а кога отидов до нејзината соба немав прилика да ѝ кажам дека тоа нема да промени ништо меѓу нас. Таа е истата личност, ништо не се промени меѓу нас, само нашиот однос се зацврсти.“
Џо е многу бесен бидејќи не може да верува дека пратиле воз со луѓе на возење, а знаеле дека нешто не е во ред, бесен е бидејќи никој не реагирал, а повредите ќе останат трајни.За жал, неговите стравови станале реалност, еден дел од возот се судрил со друг и довел до незапамтена несреќа, во која и двајцат



