Четири знаци дека старите гаќички и градници се за во ѓубре!

Гаќичките кои некогаш идеално ви прилегале, одеднаш ја изгубиле својата еластичност, а градникот ве стега? Можеби е време да си купите нова долна облека.Кога последен пат сте направиле “чистка” во фиоката со долна облека? Квалитетен градник и гаќи можат да траат со години, но само ако доколку не ги носите континуирано истите. Ако не сте сигурни и се мислите дали е време старата долна облека да ја исфрлите и замените со нова, еве неколку знаци кој ќе ве убедат во тоа. 
Ја изгубиле еластичноста
 Од премногу често перење, еластичност во долна облека со текот на времето се “троши“ и тие веќе не се толку добри и удобни како првиот пат кога сте ги облекле. Истото важи и за градници – кога прерамките ќе ја изгубат еластичноста, корпите веќе нема да ви обезбедат добра поддршка. 
Премали се
Памучната долна облека повеќе се собира од онаа која е направена од мешавина на материјали. Не само што гаќичките, ќе ви се отцртуваат под облеката, сигурно не сакате градникот кој се смалил да ви ја сопре циркулацијата. Вашите гради се менуваат, и повеќе отколку што се свесни за тоа и затоа градникот кој некогаш совршено ви прилегал по некое време може да направи проблеми како болки во грбот и спуштени гради. Премногу малата долна облека дефинитивно не може да се прошири, па затоа е подобро да ја фрлите.

Неудобна е
Ако градникот или гаќите премногу ги чувствувате на вашето тело, односно не се чувствувате удобно во нив, веднаш фрлете ги. Ова е особено важи за долна облека со чипка која по неколку перења можат да станат значително погруби, со што се создава непријатно чувство на чешање во препоните или пазувите.
Ја изагубила оригинална форма
Ако на градникот се создале нерамнини или на неговите корпи се создале очигледни брчки, помирете се со фактот дека материјалот од кој е направен се истрошил. Затоа подобро е да го замените.Кога последен пат сте направиле “чистка” во фиоката со долна облека? Квалитетен градник и гаќи можат да траат со години, но само ако доколку не ги

Пронајдете не на следниве мрежи: