З. К. (27) потекнува од сиромашно семејство, а штом го видела мажот кој бил двојно постар од неа и богат, веднаш го привлекло нејзиното внимание. Кога станала полнолетна, почнале заеднички живот кој набрзо се претворил во ужас.Долгогодишното момче на З.К. брутално ја злоставувал. Ѝ гасел цигари од рацете, поради што во тој момент чувствувала силна и продорна болка. Не смеела да се противи, бидејќи знаела дека нејзин најмал чекор ќе го испровоцира и ќе добие уште повеќе ќотек.
Таа го запознала кога имала само 17 години. Потекнувала од сиромашно семејство и била љубопитна. Не ја зачудило што вниманието и го привлекол двојно постар маж, на кој можело да се забележи дека е богат и имотен, пишува српски Блиц.
– Мирисаше многу убаво, кога го паркираше својот нов автомобил, нема кој не се сврте по него, беше беспрекорно облечен. Ме пресече нешто во стомакот. Беше толку убав и моќен во тој момент, што помислив дека никогаш нема да забележи една девојка како што сум јас: скромна и мирна – раскажува З.К. која на крајот сфатила дека нејзиното чувство длабоко ја изневерило.
Во кафулето, кое било преполно, неговиот поглед се насочил кон неа, и не му требало многу за да ја заведе.
– Го чекавме моето полнолетство, за да можам да живеам со него. Ми беше прв во се, а многу беше строг, што мене ми беше импресивно. Сметав дека тоа е знак за љубов – вели таа и ја открива мрачната тајна од својот живот, откако почнале да живеат заедно.
– Ми рече дека не поднесува кога некој плаче. Дека кокаинот му помага за да размислува, но и дека таа дрога, како и било која друга, мене ми е забранета. Тогаш беше доволно само да ме бакне, и јас се заборавав – продолжува таа со својата исповед и вели дека дечкото набргу почнал да и забранува да се гледа со своите другарки.
Сакал да има апсолутна контрола над нејзиниот живот, па го проверувал и нејзиниот Фејсбук профил, а на телефонот инсистирал да има апликација која го снима секој разговор.
– Еднаш откри дека сум се видела со сестра ми. Толку многу ме истепа што плукав крв. Најлошо е што толку многу бев занесена што лазев по него, се влечев и го молев да ми прости. Потоа тие сцени почнаа да се повторуваат секој втор ден. Еднаш се случи да ми изгаси цигара од рака бидејќи сум се допишувала со другарка од детството – вели таа и додава дека полицијата набрзо дошла на нивната врата.
Соседите пријавиле бучава која доаѓа од нивниот стан, а таа сакала да ги убеди дека тие лажат за злоставувањето, но модриците ја издале. Се скршила, и се признала.
– Барав да ме однесат со нив, избегав. По мене дојде татко ми и ме врати дома. Долго време после тоа ми се јавуваше и ми се закануваше, но мојот татко се јавуваше на телефонот. Во селото пукна брука, а јас набрзо потоа дознав дека сум бремена. Тој нормално го знаеше тоа. Сега имам дете кое тргна на училиште, а него не сум го видела повеќе – ја завршува З.К. својата приказна и на крајот додава дека одбила да поднесе кривична постапка против него. Долгогодишното момче на З.К. брутално ја злоставувал. Ѝ гасел цигари од рацете, поради што во тој момент чувствувала силна и продорна болка. Не сме



