Здравјето е навистина нешто што треба да ни претставува приоритет на сите. Вклучете ги овие неколку намирници во вашата секојдневна исхрана и чуда ќе почнат да се случуваат. Исфрелете ја тешката мрсна храна, престанете да јадете пржена храна барем одреден период и заменете ја со овие неколку дарови од природата. Брокули или брокулини – тие се речиси исти како брокулите само што се помалекчи. Се натпреваруваат со кељот за забрзување на метаболизмот.
Кељ – Кељот е високо нутритивно растение. Полн е со калциум но и диетски влакна кој го забрзуваат метаболизмот бидејќи телото има повеќе работа во обидот да го свари.
Руколата – има дејство на природен диуретик. Ја намалува подуеноста и задржувањето на водата во телото, го намалува апетитот и ја подобрува работата на цревата. Содржи високи количини на витамин А и К. Има горчлив вкус па можеби ќе ви биде тешко да се навикнете на неа веднаш, но мешајте ја со марула и прелив од сен и мед и ќе немате проблем.
Ротквички – со ниска калорична вреденост и со голем процент на вода ротквичките можат да ве најадат, а притоа да не внесете штетни калории во себе.
Јагоди – одлични за десерт од кој нема да имате грижа на совест. Богати со нутриенти, ниска калорична вредност, вкусни, сочни и природни. Полни со витамин Ц и антиоксиданси кои ќе ви помогнат побрзо да ги согорите калориите.
Цитрони – Наместо да ги цедите обидете се да ги јадете па така ќе ги добиете и диетските влакна кои ги содржат. Цитроните можете да ги додадете и во салата, а поради тоа што се преполни со витамин Ц и се киселки тоа нема да ви претставува проблем. Го топат целулитот, го забрзуваат метаболизмот и ве освежуваат. Сметаме дека тоа е добра причина да ги вклучите во исхраната.Брокули или брокулини – тие се речиси исти како брокулите само што се помалекчи. Се натпреваруваат со кељот за забрзување на метаболизмот.



