„Пред неколку недели, заедно со мојот сопруг Роберт ја посетивме нашата посвоена ќерка Луис, која денес има 36 години. Изгледаше добро, сигурно и задоволно. Се надевавме дека ќе ни мавне кога си заминувавме, но таа само ја затвори вратата и си замина“, ја започнува Мег Хендерсон својата приказна. Таа има посвоено три деца. Инаку, Луис боледува од аутизам.Оваа приказна ги преплави светските медиуми, бидејќи станува збор за мајка која го вратила детето откако дознала дека има потешкотии во развојот.
„Да ни речеше некој што навистина нѐ очекува, ние би го одбиле посвојувањето. Токму затоа социјалната служба ни нема откриено повеќе детали. Денес навистина силно посакувам да го направеа тоа“, продолжува Мег.
Таа ја продолжува приказната:
„Иако јас и сопругот сме покрај неа откако знае за себе, иако ја добива сета стручна помош, таа воопшто нема никаква поврзаност со нас. Не е способна за тоа. Таа воопшто и нема да се сеќава на нас ако умреме“.
Инаку, Мег има три посвоени деца. Откако веќе половина од животот се грижат за нив, Мег истакнува дека тие се многу различни.
„Не се помалку сакани, но се поразлични од биолошките деца. Тие и нивните нови семејства секогаш живеат под сенката на нивните минати животи. Некои од тие сенки се трајни и често носат длабоки мрачни тајни“.
„Прво го посвоивме Еуан. Тој дојде со добри сенки. Прекрасно дете е и со него уживавме две години. Тогаш ги посвоивме сестрите Луис и Мерион. Тие дојдоа од семејство во кое злоставувањето беше рутина. Сѐ што ни кажаа од социјалната служба беше дека Луис е малку вознемирена откако минала една година во дом. Но, дека сето тоа може да се излечи со апчиња. Па тие не би нѐ лажеле?! Уште од самиот почеток истакнувавме дека не можеме да се грижиме за дете со инвалидитет. Не дека не сакаме да се грижиме, туку едноставно не можеме. Ги знаевме своите ограничувања.
Набрзо, животот стана пекол. Луис беше хиперактивна. Не немирна, туку хиперактивна. Малку спиеше, што значеше дека сите малку спиеја. Не зборуваше, туку урлаше. Дење и ноќе. Не знаеше сама да оди во тоалет, си ги чачкаше крастите сѐ додека не би ѝ прокрвавеле и напаѓаше сѐ што се движи. Удираше со глава во ѕид. Нејзе ѝ требаше рутина, но сета рутина исчезна дента кога дојде во нашето семејство. Знаев дека ќе биде исцрпувачко, но ова беше повеќе од тоа. Најмногу ме пече совеста поради мојот син. Ние имавме избор, Мерион ѝ беше биолошка сестра на Луис, но детството на Еуан заврши со нејзиното посвојување.
Упорно ја испитувавме социјалната служба дали е можеби аутистична и дали има доживеано повреда на мозокот. Дури по пет години дојдовме до документи во кои пишуваше дека таа три дена по ред била ѕверски тепана од партнерот на нејзината биолошка мајка, бидејќи не сакала да го ословува со тато. Бевме ужаснати, бесни и тажни заради сето она низ што има поминато. Но, не доаѓаше в предвид да ја напуштиме. Па како би можеле?
Но, напредувавме со тек на годините. Некако се смири. Сепак, повторно настапи пекол кога почна пубертетот. Тогаш откривме уште една тајна која заборави да ни ја каже социјалната служба – нејзиното семејство беше полно со психички болни луѓе. И на неа ѝ беше дијагностицирана психоза. Одеднаш се запрашавме дали нашите маки беа залудни. Дојдовме до заклучок дека беа.
Конечно ја сместивме во дом кога имаше 16 години. Секој пат плачев кога ја посетувавме и го молев сопругот да ја вратиме дома. Но, знаев дека тоа нема смисла. Луис ги заборава луѓето готово во истиот миг.
Не можеме на Еуан и Мерион да им ги вратиме изгубените денови од детството. Денес жалам поради две работи.
Првата е дека не бев покрај мајка ми кога почина. Но, знаеше дека ја сакам, така што тоа ми е второто најголемо жалење. Посвојувањето на Луис и тоа што ја задржав – е најголемото. И тоа е вистината.Оваа приказна ги преплави светските медиуми, бидејќи станува збор за мајка која го вратила детето откако дознала дека има потешкотии во развојот.



