Храбра и искрена: Мајка открила 10 работи што ги мрази во врска со нејзиниот син кој има Даунов синдром!

Нејзиното дете е родено со Даунов синдром. Затоа, храбрата Кет ја отворила душата и на својот блог искрено прозборела за тоа како се снаоѓа во улогата на мајка на двегодишниот Паркер.1. Мразам кога тој ги користи своите слаби мускули како изговор да добие посебен третман. Тоа е неисправно и нефер.
– Иако поголемиот дел од родителите велат дека тоа е сосема нормално, јас сепак мислам дека не е баш забавно наоколу да се носи дете тешко 14 килограми.
2. Мразам кога ќе го земам од градинка, а тој стои окружен со пријателите коишто зборуваат нешто и притоа изгледа многу исплашено.
– Всушност, знам дека сѐ е во ред и дека таквата ситуација е премногу за него. Тој одлично се снаоѓа со другите деца и обожува да го минува времето на игралиште.
3. Мразам кога луѓето му даваат подароци и му попуштаат бидејќи е пресладок.
– Нормално дека е сладок, но тој е и паметен и знае како да ја искористи ситуацијата за да го добие она што го сака.
4. Мразам кога повторно мора да го гледам истиот филм.
– Бидејќи премногу сум мрзелива да направам картички за вежбање на комуникацијата. Радо повторно ќе го гледам „Кралот на лавовите“ или „Замрзнато кралство“. Но, кога-тогаш ќе ги изработам картичките.
5. Мразам кога нема да ја изеде вечерата, па мора да му давам посебна храна.
– Тоа ми создава чувство дека сум лоша мајка, а потоа ќе се сетам дека и мојата сестра беше многу пребирлива како мала.

6. Мразам кога мора да ги „подготвам“ луѓето на фактот дека мојот син има Даунов синдром, па морам сѐ да им објаснувам набрзина.
– Тоа не ми претставува проблем, но понекогаш ужасно ме исцрпува. Затоа и ги користам социјалните мрежи, за да ја сензибилизирам околината во којашто живееме.
7. Мразам кога мора да го оставам Паркер да спие сам со затворена врата.
– Кога дознав дека моето дете има проблем со дишењето, цели 16 месеци минав покрај него додека спиеше, бидејќи ми беше страв дека нешто ќе се случи. Помина една година откако повеќе не користи боца со кислород, но јас и понатаму се плашам…
8. Мразам кога сме на игралиште и кога ќе сфатам дека и други деца го имаат истиот проблем.
– Го мразам тоа, бидејќи знам што Дауновиот синдром носи со себе. Знам како им е на тие мајки и низ што поминуваат.
9. Мразам кога се грижам за иднината.
– Иако знам дека сѐ ќе биде добро, бидејќи лично јас ќе се погрижам така и да биде, секогаш постои одредена доза страв кој не ми дава мир.
10. Мразам кога ќе сфатам дека поминаа две години откако во потполност ми се смени животот.
– Имам 30 години и ми требаше долго време за да научам што е емпатија. Тоа е едноставно кога ќе се ставите на туѓо место и ќе сфатите како се чувствува таа личност.
Секој пат кога некој нов ќе сфати дека моето дете има Даунов синдром, се обидувам да сфатам какви мисли му поминуваат низ глава. Исто така, се обидувам да сфатам како мојата ќерка се чувствува кога се грижи за братот, а не ми е сеедно ни како се чувствува жената којашто сака да ме пушти преку ред во продавница.
Но, доста за тоа. Имам работа – мало дете и задачи кои мора да ги извршам. 1. Мразам кога тој ги користи своите слаби мускули како изговор да добие посебен третман. Тоа е неисправно и нефер.
– Иако

Пронајдете не на следниве мрежи: