КАКО ДА ГИ УСОГЛАСИТЕ РАБОТАТА И СЕМЕЈСТВОТО?

Работата за жените претставува важен дел од нивниот живот, бидејќи важно им е да се докажат во работата и да им дадат до знаење на другите колку вредат. Некогаш на жените поважно им било нивното семејство од каква било работа и кариера, но денес нештата се променети. Тоа не значи дека на жените денес не им е важен приватниот живот и нивното семејство, но работата и кариерата постанаа важна точка во животот на жената. И денес жените сакаат деца и семејство, но покрај семејството тие сакаат да работат и да создаваат кариера.  
Во прилог следуваат неколку совети кои ќе помогнат да се усогласат работата и семејството и сите задачи (работни и приватни) да успеат да се завршат во даден рок. 
Прва работа на која треба да посветите внимание во работата е целата своја енергија да ја вложите во работата со којашто се занимавате. Секогаш треба да и' се предадете во целост на работата којашто ја работите, а доколку не направите така, многу е веројатно на сите работи така да се однесувате. 
Секогаш во работата прифаќајте ризик и не плашете се. За да успеет и да направите кариера, треба да ризикувате. Секогаш речете им благодарам на своите колеги, вработени или шефови. Во работата многу се цени искреноста и забележителноста, па затоа секогаш бидете подготвени да се пофалите и да се заблагодарите.
Никогаш не ја планирајте својата кариера, препуштете се на моментот и бидете отворени и флексибилни за разни можности кои ви се даваат.  Доколку некоја задача не ви оди од рака, не откажувајте се, туку признајте си дека сте го дале својот максимум и утредента обидете се од почеток. Секогаш во работата следете го својот личен компас, а не часот и роковите. 
И не грижете се доколку сакате и семејство, бидејќи семејство не значи крај на животот и крај на вашата кариера. Ниедно дете нема да ве спречи во напредување на работа, само ќе треба повеќе да се потрудите.
  
Во прилог следуваат неколку совети кои ќе помогнат да се усогласат работата и семејството и сите задачи (работни и приватни) да успе

Пронајдете не на следниве мрежи: