Некои луѓе можат веднаш по станувањето да започнат со работните обврски, меѓутоа поголем дел од луѓете имаат проблем со станувањето од спиење. Но, зошто е тоа така!Сигурно веќе сте заклучиле за каков тип на човек сте кога станува збор за будењето, дали сте ноќен тип или пак сте утрински тип, но тоа што не сте го знаеле до сега е дека за тоа е одговорна генетиката.
Научниците од оделот за генетика на универзитетот Лестерн, објавиле истражување, по кое откриле дека различни вински мушички се буделе (од фазата на ларва) во различна доба од денот. Авторите на ова истражување откриле дека можат да го реплицираат однесувањето на оние мушички кои „станувале“ покасно со селективен развој, со што докажале дека постои поврзаност помеѓу генетиката и навиките за спиење. Винските мушички инаку често се користат во генетиката, бидејки со нив делиме дури 75% од гените одговорни за настанокот на болестите. Потребни се понатамошни истражувања на молекуларна основа како би се разбрало дали ова има влијание на нашето здравје и однесување. Ова е важно затоа што недостатокот на сон може да предизвика страшни последици – сообраќајни несреќи, да го зголемен ризикот од фатални болести мозочен удар или срцев удар, губење на либидото или предвремено стареење.
Иако, на повеќето луѓе им е потребно околу седум и девет часови сон, секој ден, некои луѓе пак без разлика на тоа колку се уморни можат да останат подолго будни и подоцна да се разбудат наредното утро, додека пак на други повеќе им одговара да си легнат порано и да бидат будни со првите знаци на сонцето. Тие природни циклуси драстично се разликуваат од човек на човек, иако до сега не било баш јасно зошто е тоа така. Со ова истражување е декажано дека вашите родители всушност се „виновни“ за вашите навики на спиње.Сигурно веќе сте заклучиле за каков тип на човек сте кога станува збор за будењето, дали сте ноќен тип или пак сте утрински тип, но тоа што не сте



