ГО РАСПЛАКАЛ ЦЕЛИОТ РЕСТОРАН: Видел бездомник кој седел сам и ја натерал мајка му ДА ГО НАПРАВИ ОВА!

Џош Данкан има пет години и големо срце, а со својот гест го воодушеви светот и стана вистинска мала ѕвезда.Имено, тој со својата мајка бил во еден ресторан во Пратвил во Алабама, кога видел бездомник кој седел сам и кој “никој не дошол да го послужи”.
Данкан тогаш му пришол и го прашал дали сака мени. Човекот немал пари да го плати оброкот, па малечкиот Данкан ја замолил својата мајка да му купи, а иако бездомникот инсистирал само на сендвич, петгодишникот му рекол дека може да порача што сака.
Ме праша кој е тој човек. Кога му објаснив дека е бездомник и што значи тоа, не престана да ме моли да му купиме вечера. А, тогаш му пријде и го послужи, велејќи му дека може да нарача што сака и каква храна и да сака, раскажува мајката на Данкан, Ава Фаулк.

А, кога пристигнал оброкот Данкан се помолил со бездомникот и запеал и на тој начин ги расплакал сите кои се затекле во тој момент во ресторанот.
-Кога го видов како ги зеде работите во свои раце, толку мал и одлучен, и како го расплака целиот ресторан, бев воодушевена. Да го видите своето дете како прави нешто вакво е најубавиот подарок и комплимент кој еден родител може да го добие. Никогаш нема да го заборавам овој момент, вели гордата мајка.Имено, тој со својата мајка бил во еден ресторан во Пратвил во Алабама, кога видел бездомник кој седел сам и кој “никој не дошол да го послужи”.

Пронајдете не на следниве мрежи: