Пет бизарни работи кои се случуваат во матката на бремена жена: Влакнесто чудо и бебешка ерекција

Бебињата се прекрасни, слатки, невини суштества… Можеби- кога ќе се родат. Додека се во матката тие се чудни, влакнести. Уверете се и сами.Бебињата се влакнести
Не влакнести како „леле види бебето има бркчиња“ туку како, „леле, види носам Кинг Конг“. Бебињата имаат крзно кое се вика лануго и тоа се првите влакна кои бебето го создава, како влакненца на праска за да ја регулира температурата во матката. Доколку бебето е родено без влакна тоа значи дека се искубало во стомакот- и сето тоа го изело.
Сите момчиња на почетокот се девојчиња
„Сите почнуваме со иста генетска рамка. Имаме исти ембриони. Во почетокот сите фетуси се исти додека не се активираат хормоните. Без тестостерони фетусот останува женско, а со нив добива машки карактеристики. Но важен е и деталот дека и на момчињата почнале да им се развиваат женски полови органи. Во некој момент сите сме биле жени“, вели Ричард Брибискас.
Малите имаат ерекција во стомакот
Хидрауликата работи, а мајката природа се потрудила за тоа момчињата да ја тестираат својата алатка уште пред да проодат. Доколку мислевте дека неродениот син кој ја покажува гордоста е малку необична работа…. Па, шоковите во стомоакот не престануваат. Погодете каде одат сите тие насобрани хормони- момчињата многу често се раѓаат со отечени тестиси. Девојчињата имаат нешто поблаги последици- имаат само малку потечени гениталии.

 
Бебињата плачат додека се во стомакот
Добро прочитавте. Бебињата тивко плачат додека се во стомакот. Една студија покажала дека фетусите од петтиот месец можат да реагираат на надворешните влијанија како што е звукот. Ултразвук успеал да го сними бебето кое во матката без глас почнало да прави движења како да плаче. Неправилно ја отворало устата, се стуткало до работ на постелката, а дури му треперела и долната усна.

Штотуку родените девојчиња имаат менструација, а тоа почнува во матката
Родителите кога им ја менуваат пелената на своите девојчиња понекогаш гледаат крв. Ги фаќа паника детето да не е повредено но- не. Тоа е древна женска болка. Бебињата имаат менструација. Да, навистина. Кога мајката пуши и детето пуши, кога мајката има стрес и детето има стрес. Затоа бебето кога ќе се роди може да има високо ниво на хормони и има мала менструација. Хормоните влијаат дури и на момчињата- се раѓаат со отечени гради, а понекогаш имаат и исцедок кој личи на млеко.Бебињата се влакнести
Не влакнести како „леле види бебето има бркчиња“ туку како, „леле, види носам Кинг

Пронајдете не на следниве мрежи: