Не си играјте со животот: Дали ги познавате своите младежи?

Младежи, старечки пеги или пак рак на кожата? Во што е разликата? И во кој момент треба внимателно да ја прегледаме кожата?Младежи или невуси како што ги нарекуваат докторите, често можеме да ги помешаме по изгледот со пегите, белезите или пак таканаречените старечки пеги. Во средниот век се верувало дека овие темни дамки на кожата се предизвикани, од незадоволените желби во текот на бременоста. Што повеќе младежи некој има тоа значи дека сексот во текот на бременоста на мајката бил катастрофален. Дали некој воопшто сака да слушне таква информација, се разбира дека не, такви мрачни мисли можат да настанат само во средниот век.
 Што се младежите и кој се ги има?
Се разбира дека младежите имаат друго потекло, тие се израстоци на пигментни клетки- малформација на кожата. Тие се потемни од околното ткиво и нивниот настанок може да биде предизвикат од повеќе фактори. Некои од нив настануваат поради предолга изложеност на сонце, некои поради одредени лекови кои сте ги конзумирале, хормонални пореметувања, слаб имунолошки систем, хормонални пореметувања во текот на бременоста како и за време на пубертетот. Вистинските причини поради кои младежите се појавуваат на кожата не се откриени. Сите луѓе имаат младежи, и тие со потемен тен на кожата, и тие со поветла кожа. Луѓето со посветла кожа во просек имаат по 20 младежи, кои во бојата и големината се разликуваат. Бебињата се раѓаат без белези на кожата, но со тек на живвотот тие се појавуваат во поголем број.
Дали младежите да се сметаат за болест?
Можеме да кажеме дека не мора да се сметаат за болест, повеќето луѓе во текот на животот немаат никаков проблем со темните пигменти на кожата. Меѓутоа, по предолга изложеност на сонце тие можат да се променат во малигни келии на рак. Затоа лекарите во Германија, препорачуваат кожата да се прегледува бар еднаш во три години.
Кој е најзагрозен?
Секој од нас може да добие рак на кожата од дегенерирани младежи, притоа главна улога имаат три фактори:
Тен- луѓето со посветол тен се повеќе загрозени
Бројот на младежите- што повеќе ги има толку е поголем ризикот
Местото на живеење- луѓето кои често се изложуваат на високи УВ- зрачења, имаат поголем ризик од добивање рак на кожата
Жителите на Австралија најмногу заболуваат од рак на кожта. На тој континент се присутни сите три фактори: жителите имаат светол тен на кожата, имаат генетски голем број на младежи, и живеат на место каде има релативо високо УВ- зрачење. Во борба против ракот на кожата, Австралија на почетокот на Јануари ги забрани солариумите.

 
Како да знаете дали ви се заканува рак накожата ?
Од младежите и белезите може да се развие црн рак на кожата, а тоа зависи од следново:
Ризик за рак на кожата е поголем доколку, младежот е асиметричен и со неправилни граници. Бојата исто така може да биде необична, може да биде сина, бела или црвена. Уште еден показател за рак на кожата може да биде зголемувањето на дијаметарот на младежот, а најмногу треба да внимавате на младежите кои имаат дијаметар поголем од 6 милиметри. Исто така и испакнатите младежи треба внимателно да ги испитате. Покрај се малигните младежи постојано се развиваат можат да крварат, чешаат или да направат красти на кожата.
Која е разликата помеѓу црниот и белиот рак на кожата?
Црниот рак е познат како меланом, и се развива со дегенерирање на меланоцитите, погментираните келии на кожата.
Белиот рак може да се подели на две поткатегории: карцином на базалните клетки или basalioma кои често се манифестираат со сјајни површини на кожата – и сквамозен карцином, кој е идентификуван како груба површина на кожата, налик на брадавица. Јас скоро секогаш се појавува на делови од телото кои веќе долго време се изложени на УВ зрачење: на лицето, главата без коса, подлактицата и задниот дел на потколеницата.
Колку може да биде опасен ракот на кожа?
Црниот рак на кожата предизвукува страв, бидејќи брзо метастазира во телото и брзо се шири на други органи. Бел рак на кожата е многу почест, но е помалку опасен. Во Германија, секоја година речиси 900.000 луѓе се третираат за рак.Младежи или невуси како што ги нарекуваат докторите, често можеме да ги помешаме по изгледот со пегите, белезите или пак таканаречените старечки пе

Пронајдете не на следниве мрежи: