Со оваа диета не би требало да сте гладни и што е најважно – не треба да спремате оброк.
Светските нутриционисти и поранешните дебели луѓе, многу често ја издвојуваат ефикасноста на таканаречената ,,Американска диета”. Таа се заснова на целосно исклучување на јаглехидратите од менито. Така организмот се чисти од масните наслаги. Што помалку јаглехидрати, толку подобро! Што е најважно – со оваа диета не би требало да бидете гладни!
Со диетата треба да почнете во понеделник. Првите 6 дена губите 5кг., а секој следен ден сте полесни за еден килограм. За 24 дена можете да изгубите до 20 килограми!
Многу е важно да се напомене – ако во текот на диетата изедете макар најмало парче леб или нешто друго што содржи јаглехидрати, автоматски се прекинува топењето на вашите масни наслаги. Оваа диета можете да ја држите во зависност колку килограми сакате да изгубите. Секако, ви препорачуваме да се советувате и со доктор.
Постои можност во вашиот организам да се појави недостаток на одредени витамини и минерали, па затоа препорачуваме да користите витамин C и D, како и калциум, магнезиум и цинк.
Што е дозволено?
СИТЕ ВИДОВИ НА МЕСО: говетско, пилешко, телешко, јагнешко… и тоа на сите начин освен поховани.
СИТЕ ВИДОВИ НА РИБА: морски плодови, слатководни риби и сите видови на конзерви.
СИТЕ ВИДОВИ НА САЛАТА: свежа зелена салата, салата од јајца, свежи пиперки, краставици, цвекло, салата од морски плодови, салата од лук. Сите салати можете да ги зачините со маслиново масло, оцет и сол.
СИТЕ ВИДОВИ НА ЗЕЛЕНЧУК: карфиол, блитва, спањак, артичок, домат, целер.
МОЖЕТЕ ДА ПИЕТЕ: минерална вода, тоник, обична вода, кафе, сите видови на чаеви без шеќер. После 6-от ден дозволено е да се пие лимонада.
ЗАБРАНЕТО Е:
– Леб, компир, брашно, ориз, леќа, грав, грашак, лебни трошки, поховано месо, тестенини, кикирики, лешници. Не смеете да правите запршка во ниту едно јадење.
– Овошје.
– Млеко, путер, кисела или слатка павлака, разни млечни или овошни пудинзи, маргарин, шеќер, шлаг, ниту една врста колачи, чоколада, разни грицки-слатки или солени, сладолед, било каков вид на сирење.Светските нутриционисти и поранешните дебели луѓе, многу често ја издвојуваат ефикасноста на таканаречената ,,Американска диета”. Таа се засн



