Пред да идете на разговор за работа, треба да ја имате на ум минималната плата за која би работеле.Немојте да бидете алчни, распрашајте се колку е платена таа професија. Вие први не почнувајте разговор за плата!
Денес би требало да бидете среќни ако најдете работа, но ако сте миленик на судбината и сте во ситуација да преговарате околу платата, еве неколку совети како тоа да го направите.
Прво, нормално е да бидете нервозни бидејќи тоа не е и баш некоја пријатна ситуација, поготово ако не сте од оние кои знаат како да се ,,продадат” себе. Најпрво распрашајте се колку е платена таа работа и не дозволувајте тоа да ви биде аргумент кај работодавачот. Наместо да му кажете колку се платени вашите колеги, акцентот ставете го на својата вештина, способност и работната етика.
Освен тоа, никогаш немојте да спомнувате први за плата. Ако работодавецот инсистира, љубезно извлечете се со изјавата од типот: ,,Би ја прифатила било која разумна понуда” или ,,Вие сте во многу подобра позиција да кажете колку вам ви требам”.
Кога ќе ја слушнете понудата, повторете ја и молчете, со тоа си давате себе си време за размислите, а истовремено вршите благ притисок на работодавецот. Праксата покажува дека после тоа, работодавецот ја зголемува цифрата. Ако пак остане така како што е, обидете се бар да добиете повеќе слободни денови, службен автомобил или други бенифиции.Немојте да бидете алчни, распрашајте се колку е платена таа професија. Вие први не почнувајте разговор за плата!
Денес би требало да



