Долго било врежано мислењето дека младите мајки би требало да почекаат барем најмалку шест месеци пред да почнат да го изнесуваат своето дете директно на сонцето и да ги мачкаат со креми кои содржат заштитен фактор.Но, благодарение на новите нежни креми за сончање со збогатена формула, денес слободно можете да го прошетате вашето дете преку ден без страв дека сонцето може да му наштети.
Спасот доаѓа во облик на крема со високо заштитен фактор базиран на формула која одговара на кожата на бебето и која не ги содржи вообичаените алергенси. Доколку сте биле внимателни со бирањето на кремите за сончање, веруваме дека сега ќе бидете уште повнимателни!
Важно е од кого купувате
Производите за деца задолжително купувајте ги во аптека за да можете да се консултирате со фармацефтот. Најпрво консултирајте се со дерматолог за да знаете која заштита е најдобра за вашето бебе. Доколку вашето бебе реагира на одредени состојки, избегнувајте ги. Во суштина, би било пожелно да се користат природните производи или пак оние кои не содржат премногу јаки хемикали. За да не ја иритирате кожата на вашето дете или пак дојде во допир со очите, избегнувајте ги производите со неоргански филтри како што се цинк оксид и титаниум диоксид.
Внимавајте на процентот на заштитниот фактор
Заштитниот фактор 30 е најчестиот избор. Не е доволно да се нанесе од кремата само еднаш, туку мора да се нанесува на секои два часа. Токму поради тоа важно е да се нагласи дека треба да се избегнуваат креми кои покрај заштитата од сонцето придонесуваат и заштита од инсекти, бидејќи производите кои ја штитат кожата од инсектите се доста јаки. Ова е уште еден доказ дека мултипрактичните производи – посебно оние наменети за малите деца, не се толку потребни.
Кремата не е доволна
Кога бебето е во прашање – не е! Нивните глави мора да се заштитат со капи, а кога се во количка обавезно покријте ги со тенка прекривка за да им ги заштитите нозете и рачињата. Ибегнувајте го шетањето помеѓу 10.00 и 15.00 часот бидејќи сончевите зраци во тој период се најјаки. Дури и повозрасните деца треба да се чуваат на истиот начин. Додека ние повозрасните можеме да шетаме по плажа облечени само по костим за капење, на бебињата мора да им бидат заштитени рацете и нозете. Што се однесува до очилата за сонце немојте да мислите дека се бесмислен производ. Тие имаат голема функција во заштитата на видот и заштитата од ултравиолетовите зрачења.
Сведете го директниот контакт со сонцето на минимум
Тоа значи дека детето можете да го шетате преку ден, но држете го подалеку од јаките сончеви зраци. Доколку приметите вашето дете да станува црвено во лицето, веднаш заштитете го од сонцето. Привременото кратко сончање е неопходно, бидејќи е потребно за здравјето и напредокот. Сончевите зраци во кожата го активираат создавањето на витаминот D кој е нопходен за нивното здравје, а веруваме дека нежниот допир на сончевите зраци ќе му годат на вашето бебе и ќе ви се заблагодарат со нивната неодолива насмевка!Но, благодарение на новите нежни креми за сончање со збогатена формула, денес слободно можете да го прошетате вашето дете преку ден без страв дека



