ДЕН НА ГОЛЕМИ МАЧЕНИЦИ: Еве зошто денес треба вистински да се покаете!

Светите маченици Тимотеј и Мавра се христијански светци. Дваесет дена по нивната свадба, тие биле изведени на суд поради прифаќањето на христијанската вера пред тивадидскиот намесник Аријан, за време на владеењето на царот Диоклецијан.Тимотеј беше чтец во црквата во неговиот роден крај. „Кој си ти?“, го праша намесникот. Тимотеј одговори: „Јас сум христијанин и чтец на Црквата Божја.“ Оној пак му рече: „Не ги гледаш ли до тебе приготвените справи за мачење?“.
Тимотеј одговори: „И ти не ги гледаш Божјите ангели што ме крепат“. Тогаш, намесникот нареди и ушите му ги прободија со железна прачка, така што од болка му искокнаа очните зеници. Потоа, го обесија главечки и му ставија во устата дрво. Мавра најпрво се исплаши од маките, но кога мажот ѝ ја охрабри и таа ја исповеда својата вера пред намесникот.
Овој нареди и најнапред ѝ ја искубаа косата, а потоа ѝ ги отсекоа и прстите на рацете. По многубројни долги маки, на коишто брзо би подлегнале да не ги крепеше благодатта Божја, обајцата беа распнати на крст еден кон друг.

Висејќи на крстовите останаа живи цели девет дена, советувајќи се и крепејќи се еден со друг во трпењето. Десеттиот ден Му го предадоа својот дух на Господ, за Кого претрпеа крсна смрт, со што се удостоија за Неговото Царство. Чесно пострадаа за Христа во 286 година.
Беседата за денешниот ден вели:
Природата го создаде и роди човекот. Затоа човекот е помал од природата, понизок од природата, слуга во скутот на природата, роб во синџирот на природата. Ќе се посрамат сите оние, кои така говорат кога ќе бидат во неволја и ќе викаат кон Бога: „Стани и избави нѐ!“.
Грешникот вистински нека се покае и отфрлувајќи ја својата грешна љубов, нека се врати кон љубовта кон Бога, па тој ќе му помогне. Нека им го сврти грбот на мртвото дрво и каменот, а лицето кон Бога, па тој ќе го спаси. Сѐможниот не е злопамтив и одмаздољубив. Ниту пак Тој ги создал луѓето за смрт, туку за живот.Тимотеј беше чтец во црквата во неговиот роден крај. „Кој си ти?“, го праша намесникот. Тимотеј одговори: „Јас сум христијанин и

Пронајдете не на следниве мрежи: