Еве како ќе дознаете дали подобро ви стои кратка или долга коса

Кратката коса е тотален хит оваа сезона. Многу славни личности како Lily Collins, Faith Hill и Scarlett Johansson се одрекоа од својата долга коса и ја покажаа својата женственост со секси кратките фризури.Со доаѓањето на топлите денови, на женитете им е многу полесно да се одлучат за кратките фризури бидејќи полесно им е за одржување и многу полесно можат да ја издржат топлината. Но пред да се одлучите за драматична промена на вашата фризура, добро размислете како вам ќе ви прилега!
Работата е во тоа што кратка фризура не прилега на секого, а за да откриете дали се вбројувате во категоријата на среќните кои подеднакво изгледаат со кратка и долга фризура, ќе ви послужи следнава формула.
Како ќе знаете дали вам ви одговара кратка фризура? Професионалците на брендот на производите за нега на фарбаната коса Color Wow откриле дека имаат едноставен одговор на ова прашање.

Ако барате идеална должина на косата според обликот на лицето, се што ви треба е молив, линијар и правилото од 5,5 сантиметри.
Меѓународниот директор за обука на стилистите од брендот Color Wow, воедно и професионален стилист во британските салони John Frieda, Giles Robinson, вели: ,,Се е во аглите. Правилото го создаде John Frieda и тоа е всушност правило со кое не можете да погрешите, а до него се придржуваа фризери со кои би одредиле која должина најмногу и прилега на лицето.”
Славниот фризер John Frieda го проучувал лицето и приметил дека всушност аглите на долната вилица одредуваат дали некому ќе стои кратка или долга коса.
За да откриете која е вашата идеална должина на косата, земете молив и линијар. Поставете го моливот хоринзонтално под брадата, а линијарот вертикално под увото. Местото на кое се сечат моливот и линијарот  укажува која должина и прилега на вашата коса. Ако одалеченоста од дното на вашето уво до брадата е пониска од 5,5 сантиметри, тогаш е исто како кај Halle Berry и Audrey Hepburn и тогаш вашето лице е створено за кратка коса, но ако се работи повеќе од 5,5 сантиметри тогаш дефинитивно на вас ви прилега подолга коса.
Стилистот Giles открил дека таа формула укажува на тоа како на холивудските ѕвезди како Katie Holmes и Emmi Stone сјајно би изгледале со кратка коса, додека на Jessica Alba многу подобро и стои долга него ли кратка боб фризура бидејќи има по издолжена вилица.
Истото важи и за Kim Kardashian, која неодамна ја скрати долгата коса и премина во малку подолга боб верзија, но на нејзината срцевидна форма на лицето дефинитивно подобро и стои подолга коса.Со доаѓањето на топлите денови, на женитете им е многу полесно да се одлучат за кратките фризури бидејќи полесно им е за одржување и многу полесно

Пронајдете не на следниве мрежи: