Прошетката во природа носи ризик од закачување на крлежи кои се најактивни токму во пролетта.Овие мали тешко воочливи паразити се предизвикувачи на многу заболувања, меѓу кои најопасна е лајмската болест.
За неа е карактеристично дека симптомите не се јавуваат веднаш по загризувањето на инсектите туку може да пројде подолго време до појава на болеста.
Најчесто се манифестира со црвенило околу зглобовите кое се поместува од еден на друг зглоб.
Во доцните фази предизвикува оштетување на периферниот нервен систем и енцефалитис, односно воспаление на мозокот, предупредуваат стручњаците и потсетуваат на мерките за заштита до кои треба да се придржуваат.
– Се препорачува заштита со соодветна облека и чевли- долги ракави и ногавици и затворени чевли. Облеката нека биде во светла боја бидејќи на неа е полесно да се забележат крлежите.
– Треба да се пешачи по обележани стази и да се избегнува провлекување низ грмушките, лежење на земја и на зелена површина.
– Би било добро да се користат средства кои ги одбиваат крлежите односно да се нанесат на изложените делови од телото. По прошетката во природа внимателно прегледајте го телото и истуширајте се.
-При прегледувањето посебно внимание обратете на деловите на телото со понежна кожа- подрачјето зад увото, вратот, пазувите, препоните, дојките, подрачјето позади колената и папокот, додека кај децата може често да се најдат и на главата.
За да дознаете како правилно да отстраните крлеж погледнете го следното ВИДЕО. Овие мали тешко воочливи паразити се предизвикувачи на многу заболувања, меѓу кои најопасна е лајмската болест.
За неа е карактеристично де



