Додека стоите пред огледало и залудно смислувате нов начин како да го сокриете својот естетски проблем, наречен подбрадок , решението лежи токму во вас. Доколку помисливте дека единствен начин е липосукција веднаш променете го мислењето и прочитајте ги природните третмани за отстранување на подбрадокот.Подбрадок
естетски проблем или не?
Подбрадокот е насобирање на масно ткиво на вратот, под брадата и настанува како последица на здебелување, опуштање на мускулите Musculus omohyoideus и Platizme (тенок слој на мускул сместен под кожата на брадата и вратот) и губење на еластичноста на кожата во тој дел од вратот.
подбрадокот најчесто е проблем за лицата со прекумерна телесна тежина, трупањето на масно ткиво под брадата се појавува и кај лица кои се во одлична форма, бидејќи големо влијание има и генетскиот фактор.
Причина за настанување на подбрадокот може да биде стареењето и губењето на еластичноста на кожата. Жените вложуваат многу за зачувување на младешкиот изглед на кожата на лицето и за одржување на добра форма на телото, но вратот може да ја издаде нивната возраст и да го направи лицето позаоблено. Поради тоа, неопходно е дел од времето за разубавување да се посвети на вратот.
Менување на телесната тежина, диети, губење на течности исто така можат да бидат причини за настанување на подбрадок. За време на брзото слабеење, насобраното масно ткиво се губи, неактивните мускули го губат тонусот и кожата се растегнува. Кожата е растеглива, виси и остава непријатен впечаток.
Како да се ослободите од подбрадокот на природен начин без липосукција
Еден од начините да се ослободите од подбрадокот е со липосукција, хируршки зафат кој ќе го отстрани овој естетски проблем во пределот на вратот, под брадата. После ваквиот зафат ќе се добие посакуваниот изглед, но ќе остане лузна од липосукцијата кој ќе ве потсетува на некогашното постоење на побрадок.
Доколку не ви се трошат пари на липосукција во продолжение ќе најдете вежби и совети кои ќе ви помогнат да го намалите непосакуваниот подбрадок и да ја зачувате убавината на кожата на вратот.
Вежбите за подбрадок пожелно е да ги применувате секојдневно, за мускулите на вратот да се затегнат.
Вежба – „Џвакање“
Застанете или седнете исправени. Наведнете ја главата наназад така што погледот да ви биде насочен кон таванот.
Започнете да имитирате џвакање со затворени усни.
Повторете го движењето 20 пати.
Вежба – Подигни ја брадата
Застанете или седнете исправени. Наведнете ја главата наназад така што погледот да ви биде насочен кон таванот.
Соберете ги усните цврсто како кога испраќате бакнеж.
Држете ги усните собрани и истакнати 10 секунди, а потоа опуштете ги.
Повторете ја вежбата 4-5 пати во текот на денот
Подигнувањето на брадичката нагоре и испраќањето на бакнежи ги затегнува и тонира мускулите на вилицата и вратот.
Вежба – кружење со вратот
Застанете исправено или седете со исправен грб. Полека вртете ја главата кон лево со вдишување. Обидете се да го допрете левото рамо со брадата.
Додека издишувате, завртете го вратот кон десното рамо и притиснете ја брадата со со десното рамо.
Повторете го ова лево-десно рамо 5-6 пати.
Потоа додека вдишувате, спуштете го вратот надолу и допрете ги градите со брадата.
Додека издишувате, наслонете ја главата наназад со поглед кон плафонот. Би требало да почувствувате затегање во вратот. Повторете го ова околу 5-6 пати.
Вежба – тениска топка
Ставете тениско топче под вратот, во пределот на грлото.
Притиснете го топчето со вратот, спуштена надоле кон топчето.
Притискајте го топчето со брадата и попуштајте.
Ова повторете го 10 пати.
Вежба – допирање на брадата со јазикот
Отворете ја широко устата што можете повеќе.
Со јазикот обидете се да ја допрете брадата
Држете го јазикот во таа положба околу 10 секунди и повторете ја вежбата 10 пати.
За време на вежбата ќе почувствувате затегнување на мускулите на вратот и брадата.
Масажа од 5 минути
Кожата под брадата во средниот дел, затегнете ја со средниот прст. Со левата рака поигнете ја кожата нагоре, од вратот кон лицето. Повторете го ова 3 пати.
Масирајте го пределот зад двете уши со кружни потези и кон надоле. Со тоа се зголемува лимфната дренажа на тој дел и одвојување на токсините.
Масирањето продолжете го со повлекување на кожата од образите кон вратот и спротивни, од вратот кон образите.
10 начини на отстранување на подбрадокот со природни препарати
1. Витамин Е
За да си го подобрите изгледот и еластичноста на кожата, потребно е да внесувате доволно количество витамин Е, а најдобар начин да го направите тоа е преку исхраната. Богат извор на витамин Е се јаткастите плодови (бадеми, лешници и кикирики), авокадото, спанаќот, брокулите и слаткиот компир.
2. Пченични никулци
Масажата се прави пред спиење, така што вратот и брадата се масираат со масло пд пченични никулци. Повлекувајте ја кожата од вратот нагоре кон брадата. Масирајте околу 15-20 минути. Оставете маслото да отстои преку ноќта, и повторувајте ја оваа масажа секој ден пред спиење.
3. Какао путер
Благо загрејте 1-2 лажици како-путер. Масирајте ја брадата и вратот во пределот каде што е подврадокот, повлекувајте ја кожата нагоре. Правете ја оваа масажа 15 минути пред спиење.
4. Млеко
Нанесете со памук млеко во пределот на вратот и подрачјето на подбрадокот. Можете да го помешате млекото со малку мед. Оставете го млекото некое време на вратот, а потоа измијте со млака вода. Овој третман со млеко применувајте го еднаш дневно.
5. Белки
Земете ги белките од 2 јајца, изматете со 1 лажица млеко, 1 лажица мед, 1 лажица лимонов сок и неколку капки масло од пеперминт. Нанесете ја оваа маска на лицето вратот и делот кај подбрадокот. Оставете ја половина час да делува, додека не се исуши. Лицето и вратот измијте го со млака вода. Оваа масла применувајте ја еднаш дневно.
6. Глицерин
Земете 1 лажица билен глицерин (има во аптека), половина лажичка морска сол, 2 капки масло од пеперминт и малку памук. Во сад промешајте ги состојките, натопете го памукот во мешавината со глицерин и сол и нанесете во пределот на брадата и вратот. Оставете да постои 20-30 мин и измијте со млака вода. Повторете го ова 3 – 5 пати неделно за да се видат резултатите на затегање на кожата.
7. Зелен чај
Доволно е да консумирате зелен чај секојдневно и резултатите ќе се забележат не само преку губење на килограмите, туку и со квалитетот на затегнатата кожа. Подбрадокот ќе се изгуби, а кожата на тоа место нема да биде растегната.
8. Диња и лубеница
Со цел отстранување на подбрадокот, може да се искористи испасирана диња или лубеница чии сок се нанесува на брадата со подбрадок и се остава да отстои 15 минути. После тоа кожата исплакнете ја со вода.
9. Џвакајте мастика
За да го отстраните подбадокот џвакајте мастика. Со џвакањето се активираат мускулите на лицето, долната вилица, па и вратот. Со тоа се одржува нормален тонус на мускулите, затегнатост на кожата и се превенира настанувањето на подбрадок во постарите години.
10. Вода, физичка активност, диета, правилно држење на телото
Пијте многу вода, користете овошје кое содржи поголема количина на вода. Избегнувајте алкохол, кафе и газирани пијалаци. Хранете се здраво, без непотребни маснотии и јаглени хидрати. Одржувајте ја својата телесна тежина со комбинација на исхрана и телесни вежби. Доколку имате вишок килограми почнете со диета.
Обрнете внимание на ставот кој го заземате. Премногу свиткано лице или горниот дел од телото може да доведе до појава на подбрадок.
Кога читате или седите пред компјутер, не ја спуштајте главата надоле, бидејќи така кожата под брадата се набира и може со време да го изгуби својот тонус и да доведе до појава на подбрадок. Подбрадок
естетски проблем или не?
Подбрадокот е насобирање на масно ткиво на вратот, под брадата



