Тажна приказна за бабичката која НЕМА леб, но ИМА достоинство!

Девојка од Ваљево била трогната од случајната средба со една бабичка, а своето искуство го споделила на социјалните мрежи.Нејзината приказна за достоинството, емпатијата и гордоста ви ја пренесуваме во целост.
„Пекара, преполна, чекам да дојдам на ред, луѓе се враќаат од работа, децата од школо, подеднакво убиени во поим, подеднакво свесни само за моментот кога им се моча и кога гладни.
Во еден момент, влегува стара бабичка, пребира по торбата, вади кеса во која се наоѓаат ситни пари, динар-два, ги брои со озарено лице бидејќи сфаќа дека има пари за леб, ЉУБЕЗНО ја замолува продавачката да ѝ одговори на прашањето:
`Дали имате можеби денес, извинете?`, продавачката одговара дека го нема тоа нешто.
Сите молчат, никој не се прашува што бара таа. Никому не му е гајле што таа дошла во пекара да си купи леб и тоа со едвај собрани пари!
Таа тргнува кон вратата и вели: `Ви благодарам, можеби некаде останало`.

Ја прашав продавачката што сакаше бабичката, а таа ми рече: `Бајат леб, поевтин е бајатиот леб`.
Бев шокирана, таа којзнае по колку куќи морала да оди за да собере 20 еб*ни динари за корка леб и тоа никого не го интересира!
Некои момчиња се смеат, госпоѓите се згрозуваат, се оддалечуваат од неа како да има лепра, но таа жена не е само обичен жител на Ваљево. Таа е достоинствена и вредна за почит, зошто?
Затоа истрчав по неа за да ја замолам да ѝ купам свеж леб, а таа тоа не го сакаше. Затоа што се карам со неа 20 минути и ја убедувам дека тоа навистина го сакам и таа засрамено се сложува, НО ми бара адреса или место на кое, кога ќе собере уште 20 динари, ќе ми ги врати парите бидејќи можеби ќе ми затребаат!!!
Купувам леб, излегувам и таа плаче и ме моли да ѝ простам што нема и ми бутка 20 динари во џеб, додека отспротива некоја ваљевска к*рвештија од високо ја гледа жената која може да ја научи што е човек со чист образ зашто не се еб*ла за леб, бидејќи не просела, бидејќи сакала чесно да плати за своите основни потреби!
Госпоѓата баба ми ја фати раката, ја стегна и потоа ме гушна. И јас сум среќна поради тоа, таквите моменти во животот ми даваат сила да не бидам незаинтересирана за она што се случува околу мене, туку секогаш да имам барем и микро-план како да ги уништувам идиотите.“
Нејзината приказна за достоинството, емпатијата и гордоста ви ја пренесуваме во целост.
„Пекара, преполна, чекам да дојдам на ред, лу

Пронајдете не на следниве мрежи: