Петрик Квин, основач на популарниот сајт „Животот на еден татко“, бил шокиран од неверојатната реакција на читателите кога објавил фотографија од новородено бебе и неговата прабаба од 101 година.Фотографијата ја испратила Сара Хам од Аризона, а токму нејзината постапка инспирирала 120 читатели да и се придружат и објават слични семејни фотографии.Патрик вели дека уште поимпресивно е тоа што оваа разлика од 101 година и не била најголема, бидејќи една жена му пратила фотографија од својот син и баба и, а разликата помеѓу нив, како што тврди е дури 112 години.„Многу ме радува тоа што луѓето реагираа така на објавата на оваа прекрасна фотографија. Фотографијата покажува прекрасна врска помеѓу две генерации“, вели Квин.Баба Роса е родена далечниот 13 јуни 1913 година. Таа тогаш била најмладото дете во своето семејство. Роса има три деца, пет внуци, и дури 10 правнуци и моментално живее со својата најстара ќерка во Аризона.„Мојата баба и јас заедно живеевме во Мичиген и заедно поминавме добар дел од животот, се до 2007 година. Нејзиниот татко прв имал автомобил во местото, баба Роса предавала како учителка во локално училиште 43 години“, рекла Сара Хам, која и ја направила оваа фотографија. Бројните читатели, воодушевени од фотографијата почнале да ги праќаат своите семејни фотографии.Фотографијата ја испратила Сара Хам од Аризона, а токму нејзината постапка инспирирала 120 читатели да и се придружат и објават слични семејни фото
Пронајдете не на следниве мрежи:



