Храната претставува нешто што се нарекува „природна награда“ во невронауката. За да преживееме како вид, нештата како што се хранењето, водењето љубов и грижата за другите, мора да му бидат пријатни на мозокот за да се зацврстат и повторуваат тие однесувања.Мезолимбичкиот пат настанал со тек на еволуцијата. Тоа е систем во мозокот кој ги дешифрира овие природни награди. Кога ќе направиме нешто што ни создава пријатност, група неврони кои се наречени вентрално тегментално подрачје, праќаат допамин до делот на мозокот кој се нарекува нуклеус акумбенс. Врската помеѓу нуклеус акумбенсот и фронталниот лобус ги диктира нашите моторички вештини, како што е одлучувањето дали ќе сакаме да земеме уште еден залак од вкусна чоколадна торта. Фронталниот лобус, исто така ги активира хормоните кои му даваат пораки на нашето тело, од типот: „Оваа торта навистина е вкусна. И ќе го запомнам тоа за во иднина“.
Секако дека храната не е подеднакво наградувачка. На поголем дел од луѓето повеќе им се допаѓа слатката од киселата и горчливата храна, бидејќи мезолимбичниот пат во текот на еволуцијата утврди дека слатката храна е здрав извор на јаглехидрати за нашите тела.
Кога нашите предци заминувале во потрага по бобинки, на пример, киселото значело дека „сѐ уште не се зрели“, додека горкото значело „внимание-отров“.
Овошјето е една работа, но модерната исхрана тргна во посебна насока. Во изминатата декада, утврдено е дека просечен Американец консумира 22 лажици шеќер на ден, што се дополнителни 350 калории, а таа бројка досега е можно и да е зголемена. Пред неколку месеци, еден експерт проценил дека просечен Британец консумира 238 лажици шеќер секоја недела.
Денес, кога исплатливоста е побитна од изборот на храна, готово е невозможно да се пронајде обработена и подготвена храна во која не се додадени шеќери за подобрување на вксуот, конзервација и слично.
Луѓето се зависни од дополнително додадениот шеќер. Баш како што злоупотребата на дрога го саботира патот на наградувањето во нашиот мозок, така и шеќерот го прави истото. Сѐ е поголем бројот на неврохемиски и бихевиорални докази кои упатуваат дека шеќерот создава зависност.
ИЗГЛАДНЕТЕ ГО РАКОТ ДО СМРТ, така што ќе отфрлите само една намирница од исхраната! (Види ЛИНК)
Зависноста од шеќерот е реална
Постојат четири главни компоненти за зависност: прејадување, повлекување, копнеж и вкрстена чувствителност (една состојка која создава зависност е предуслов за некој да стане зависен од некоја друга состојка). Сите четири компоненти се забележани во животинските модели за зависност – од шеќер, како и злоупотребата на лекови.
Типичниот експеримент оди на следниот начин: на стаорците им се дава храна на секои 12 часа, а потоа им е овозможен пристап до шеќер и редовна храна. По месец дена од ваквата дневна рутина, кај стаорците било забележано однесување кое е слично кај зависниците од дрога. Тие се движеле кон понудениот шеќер почесто, отколку кон регуларната храна. Исто така, стаорците покажале знаци на нервоза и депресија кога им се ускратувала храната. Дел од стаорците кои биле третирани со шеќер, кои подоцна биле изложени на лекарства кои содржеле кокаин и опијати, покажале зависнички однесувања кон дроги во споредба со стаорците кои претходно не консумирале шеќер.
Накратко, зачестениот пристап до шеќерот со тек на време доведува до продолжено сигнализирање на допамин и ја зголемува потребата за внесување поголемо количество шеќер за активирање на рецепторите од средниот мозок.
Мозокот станува „отпорен на шеќер“ и потребни му се поголеми количества за да се постигне истото чувство на задоволство.
Откажување
Во истражувањето кое беше спроведено од страна на Карло Колантуони и неговиот колега од Универзитетот Принстон во 2002 година, стаорците кои минале низ типичен третман за зависност од шеќер, подоцна биле ставени во процес на „одвикнување“. Тоа било направено или со ускратување на храна или со давање на Налоксон, лек кој се користи за лечење од зависноста со опијати.
И двете методи довеле до физички проблеми, крцкање на забите, тремор на шепите и тресење на главата.
Третманот со Налоксон, исто така ги правел стаорците да бидат нервозни.
Слични експерименти со одвикнување, исто така покажуваат однесување слично на депресијата во задачите како што е тестот на присилно пливање. Стаорците кои се одвикнувале од шеќерот, имаат поголема веројатност да покажат пасивно однесување (само лебдат), од активното однесување (како што е обид за бегство) кога ќе се стават во вода, што укажува на чувство на беспомошност.
Тоа се екстремни случаи. Кај луѓето не е вообичаено 12 часа да се воздржуваат од храна за на крај да се најадат со крофни, но овие истражувања со глодарите секако даваат увид во тоа какви неврохемиски реакции се случуваат кога некој ќе се обиде да се откаже од шеќерот и како тоа ќе влијае на однесувањето.Мезолимбичкиот пат настанал со тек на еволуцијата. Тоа е систем во мозокот кој ги дешифрира овие природни награди. Кога ќе направиме нешто што ни с



