На белградската железничка станица, секое утро се собират голем броj луѓе, од каде тргнуваат на различни патувања, како низ Србија, така во странство.Едни носат огромни торби, други во рацете држат огромни картонски кутии, а некои само брзо минуваат со рацете во џеб, пишува српски „Телеграф“.
Помеѓу сите тие лица, едно девојченце на возраст од седум, осум години, трчаше кон еден од вагоните, додека во рацете црвсто држеше едно мало, бушаво животинче. Тргнавме кон неа, бидејќи бевме фасцинирани од глетката и веднаш посакавме да дознаеме која е и каде се упатила.
Бидејќи влетавме во гужвата, ја изгубивме, па брзо влеговме во возот кој во тој момент тргаше за Скопје. Љубезниот кондуктер кој не дочека на влезот и го прашавме дали случајно видел мало девојче, кое во раката држи животинче.
„Видов едно дете, но немаше животинче. Ене ја во другиот вагон, трето или четврто купе. Само право, не можете да утнете“.
Го послушавме и низ долгиот тесен ходник ги проверивме сите кабини, за да ја пронајдеме.
А потоа ја здогледавме.
Седеше мирно,со наведната глава. Тропнавме и влеговме. Веднаш ни се насмевна.
„Здраво. Јас сум Марија, а ова е Медо“, рече. Ја тргна јакната, во скут и лежеше преслаткото кученце.
„Тој е мојот најдобар пријател и ние секаде одиме заедно“, продолжи девојчето, кое ни откри дека е од Алексинац и дека често доаѓа во престолнината, но и дека доста време поминува во возовите, па така ја обиколила скоро цела Србија.
Марија е најмала од пет браќа и сестри и не оди секогаш на училиште. Не се сеќава кога последен пат била дома и кога ги видела браќата и сестрите.
„Не можам да одам на училиште. Немам време. Постојано патувам некаде. Во возот е топло и овде со медо се грееме“.
Ни беше чудно што е сама , па ја прашавме каде е мајка и и зошто не патуваат заедно.
„Таа е дома. Болна е. Но Медо ме чува“.
Додека зборуваше Марија, малиот Медо скокаше по седиштето, ја грицкаше нејзината јакна и ја лижеше по рацете. Сакавме да дознаеме нешто за нивното пријателство, а Марија ни кажа дека од Медо не се одвојува и дека го сака најмногу на светот.
„Тој е мојата душа. Нема да го дадам никогаш, никому и го водам секаде со мене. Тој е со мене веќе два месеци и беше мал кога го најдов сам и гладен на улица. Не можеше да гледа и му давав млеко. Тоа го правам секој ден, сама“.
Марија сама со денови крстари низ земјата и се вози со својот Медо. Тие двајца постојано одат од место на место и уживаат во времето кое го минуваат заедно.
Но, загрижувачки е тоа што девојче од 8 години само талка низ Србија, додека друштво и прави единствено кученце од неколку месеци.Едни носат огромни торби, други во рацете држат огромни картонски кутии, а некои само брзо минуваат со рацете во џеб, пишува српски „Телеграф



